Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 2 лажици сончогледово масло
- 2 чешниња лук, крупно сецкани
- ¼ лажичка сол
- ¼ лажичка бибер
- 1 прстофат цимет
- 500 гр. ракчиња, излупени
- 1 кромид, ситно сецкан
- 2 лажички сусам
- 1 црвена пиперка
Подготовка
Испечете го сусамот во тава на среден оган со постојано мешање, додека да добие светло кафеава боја.
Измешајте ги маслото и лукот со сол, бибер и цимет и со нив намачкајте ги ракчињата. Потоа оставете ги во фрижидер половина час.
Пржете ги ракчињата на рингла на среден оган по 2-3 минути од секоја страна. Измешајте ги зготвените ракчиња со ситно сецкана црвена пиперка, кромид и сусам пред да ги сервирате.
Пријатен апетит!