За љубители на кромид

Печени прстени од кромид

Рецепт за поздрава варијанта на вашето омилено мезе.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 1 поголем кромид, жолт
  • 100 гр. брашно
  • 100 гр. лебни трошки
  • 2 јајца
  • сол и бибер

Подготовка

Одсечете ги краевите на кромидот и излупете го. Исецкајте го на тркалца и раздвојте ги слоевите за да добиете форма на прстен. Остевете ги прстените од кромид во сад со ладна вода 5 минути. Потоа извадете ги во еден сад.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Изматете ги јајцата во еден сад и зачинете ги со сол и бибер по вкус. Панирајте ги прстените од кромид во брашно, па во јајца и потоа во лебни трошки. Вака подготвениот кромид наредете го во плех обложен со хартија за печење.
Печете го кромидот 7-8 минути. Потоа превртете го од другата страна и печете го уште 5 минути.
Послужете ги прстените од кромид топли со прелив по желба.

22 октомври 2012 - 07:00