Кинеска кујна

Свинско со шпагети

Кинески специјалитет со свинско месо.

Време на подготовка:
2ч 20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
2ч 40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 600гр. свинско, сецкано на ситни парчиња
  • 1 лажица лут чили сос
  • 25мл. соја сос
  • 2 лажици црвено вино
  • 350гр. шпагети
  • 2 лажички пченкарно брашно
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 2 лажици масло
  • 1 главица кромид, исецкан на кришки
  • 1 морков, излупен и исецкан
  • 1 црвена пиперка, исецкана
  • 10 лажици, ситно сецкана зелка
  • свеж магдонос за декорација

Подготовка

Во длабок сад измешајте ги свинското со чили сос, 1 лажица соја сос и 1 лажица вино. Покријте го и оставете го во фрижидер 2
часа.
Сварете ги шпагетите во тенџере со вода и малку сол според упатството на ќесата. Потоа процедете ги.
Измешајте во сад пченкарно брашно, коцката за пилешка супа, 1 лажица вино и остатокот од соја сосот.
Извадетете го свинското од маринадата. Загрејте тава на силен оган. Додадете 1 лажица масло. Пржете го свинското дел по дел
по 3-4 минути додека да добие кафеава боја. Потоа префрлете го во чинија.
Загрејте го остатокот од маслото во тавата. Пржете ги кромидот, морков и пиперка 5 минути додека да омекнат. Вратете го
свинското во тавата. Додадете ги шпагетите, зелката и смесата со пченкарно брашно. Гответе ги уште 3-4 минути додека зелката
малку да омекне, а сосот да згусне.
Послужете го свинското со шпагети декорирано со сецкан свеж магдонос.
На здравје!

4 ноември 2013 - 05:00