Морска храна

Ракчиња во чили сос со лук

Вкусен морски специјалитет.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 100гр. путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук, ситно сецкан
  • 3 црвени лути пиперчиња ситно сецкани
  • 1кг. исчистени ракчиња
  • 1 домат, излупен и исецкан на ситни парчиња
  • 2 лажици магдонос, сецкан
  • препечен леб и кришки лимон за сервирање

Подготовка

Загрејте путер и масло во поголема тава на средно силен оган. Додадете го лукот и лутите пиперчиња. Гответе ги со мешање 5 минути.
Додадете ги ракчињата. Гответе ги со повремено мешање уште 5 минути.
На крај додадете го сецканиот домат и магдонос. Промешајте и одстранете ги од рингла.
Послужете ги ракчињата во чинија за сервирање со парчиња препечен леб и кришки лимон.

20 мај 2013 - 16:11