Пилешки специјалитет

Пилешко со лути компири

Вкусен рецепт за зачинето пилешко со компири и лути пиперчиња.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 пилешки карабатаци со кожа
  • 15гр. путер, омекнат
  • 2 лажички жалфија
  • 750гр. малди компири
  • 2 црвени лути пиперчиња, ситно сецкани
  • 4 лажици сецкан магдонос
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 2 1/2 лажици маслиново масло
  • варена боранија за прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Внимателно повлечете ја кожата на пилешкото и премачкајте го месото со путер. Додадете жалфија и вратете ја кожата преку зачинот.
Ставете ги компирите во голема тава. Прелијте ги со ладна вода и зовријте ги на рингла на посилен оган. Гответе ги 20 минути. Потоа прецедете ги од водата и вратете ги во тавата. Вратете ги на рингла и печете ги 1 минута за да испари водата. Потоа одстранете ги од рингла. Со вилушка испасирајте ги на покрупни парчиња. Додадете сецкани лути пиперчиња, магдонос, кора од лимон и две лажици маслиново масло. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ги.
Во меѓувреме зачинете го пилешкото со сол и бибер. Загрејте 1/2 лажица масло во тава на среден оган и пржете го пилешкото 5 минути со кожата надолу. Потоа превртете го и пржете го уште 3 минути. Префрлете го пилешкото на плех и печете го 10-15 минути во загреаната рерна.
Послужете го веднаш со приготвените компири и боранија зготвена на пареа.
На здравје!

17 мај 2013 - 10:27