Време на подготовка:
25 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
1ч. 15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500гр. мелено пилешко месо
- 200гр. мелено свинско месо
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 1 прстофат буковец
- 100гр. лебни трошки
- 1 јајце, лесно матено
- 2 лажици сецкан свеж босилек
- 2 лажици доматно пире
- 2 лажици сецкани ореви
- 8 парчиња пршута
- 1кг. компири, излупени и исецкани
- 60гр. путер
- 100мл. млеко
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги меленото пилешко и свинско месо со лук, буковец, босилек, лебни трошки, доматно пире и ореви. Мешајте додека да добиете изедначена смеса.
Премачкајте со малку масло тавче за 8 поголеми мафини. Обложете го секој отвор со парче пршута. Притиснете ја смесата мелено месо во секој од отворите. Преклопете го меленото месо со пршутата за да го затворите.
Печете ги ќофтињата 25-30 минути.
Во меѓувреме ставете ги компирите во длабок тенџере и прелијте ги со ладна вода. Зовријте ги на рингла на силен оган. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ги 20 минути. Процедете ги компирите од водата. Додадете путер и половина од млекото и испасирајте ги. Потоа постепено додавајте го остатокот од млекото и пасирајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
Зачинете го пирето по вкус.
Послужете ги италијанските ќофтиња со пире и свежа салата по желба.