Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 3 лажици соја сос
- 2 лажици сок од портокал
- 2 чешниња лук, ситно сецкани
- 2 лажички мед
- 4 филети бела риба
- 2 краставици
- 1 лажица оцет балсамико
- 2 лажици маслиново масло
- 400 гр. кафеав ориз
- 2 лажички сусам, лесно потпечен
- зелена боранија на пареа за прилог
Подготовка
Во сад измешајте ги соја сосот, сок од портокал, лук и мед. Ставете ги внатре филетите риба и превртете ги неколку пати за да се обложат со смесата. Потоа покријте ги и оставете ги во фрижидер 30 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење. Поставете ја решетката на рерната најгоре. Извадете ја рибата од фрижидер и исцедете ја од маринадата. Ставете ја на плехот и печете ја околу 15 минути додека да добие златно жолта боја.
Во меѓувреме со нож за лупење исечете ги краставиците на тенки листови. Зачинете ги со масло и оцет.
Поделете ја краставицата во чинии за сервирање, додадете ги филетите печена риба и зелена боранија зготвена на пареа како прилог.
На здравје!