Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 80гр. путер
- 4 чешниња лук, сецкан
- 1кг. ракчиња
- 2 лажици сок од лимон
- 3 лажички рендана кора од лимон
- 2 лажици сецкан кориандер
- рукола за сервирање
- препечен леб
Подготовка
Загрејте масло и путер во голема тава на силен оган. Пржете го лукот и буковецот со мешање 1 минута. Додадете ги ракчињата и зачинете ги со сол и бибер. Гответе ги 3-4 минути.
Додадете кора од лимон, сок од лимон и кориандер. Добро промешајте ги. Послужете ги ракчињата веднаш со препечен леб на тост, премачкан со малку путер.
На здравје!