Чоколадни колачи

Сендвич колачиња

Лесни колачи со кафе и чоколаден фил.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 220 гр. брашно
  • 3 лажици кафе експресо
  • 1/4 лажичка сол
  • 120 гр. путер несолен
  • 75 гр. шеќер
  • 90 гр. чоколадо сецкано
  • 1 лажица путер несолен

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во два плеха ставете хартија за печење.

Во голем сад помешајте ги брашното, кафето и солта. Во друг сад со миксер матете го путерот и шеќерот додека не се добро изматени. Додавајте го брашното во изматениот путер и продолжете со матење. Земајте половина лажичка од смесата и формирајте топчиња на плехот. Притиснете ги врвовите на топчиња за да се добие рамна површина. Печете ги колачињата 10-12 минути. Оставете ги да се изладат. Растопете го чоколадото со една лажица путер.

Направете ги сендвичињата така што ке земете едно колаче, ке го намачкате со чоколадо и ке притиснете со друго колаче.

28 ноември 2012 - 07:00