Брз колач

Колач со ореви

Едноставен а вкусен колач со ореви и ванила.

Време на подготовка:
 мин.

Време на готвење:
 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 70 гр. брашно
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 180 гр. кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 120 грама сецкани ореви и лешници
  • 1 лажица масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте со малку масло едно тавче за печење со квадратна форма. 

Во еден сад измешајте ги брашното, содата, солта и шеќерот. Изматете ги јајцата и ванилата во посебен сад. Потоа со лажица додадете ја мешавината од брашно во матеното јајце. Кога ќе ги измешајте додадете ги сецканите ореви и лешници, со тоа што ќе оставите 2 лажици за декорација. 

Истурете го тестото во тавчето. Одозгора додадете ги преостанатите сецкани ореви и лешници. Печете го колачот 25 минути. Кога ќе биде готов оставете го сосема да се излади пред да го исечете на коцки.

На здравје!

 

12 декември 2012 - 07:01