И Цукерберг му треска телефони на Тома Николиќ

Порано го викаа Тома Гробар, сега веројатно ќе го завикаат Тома Друштвени. Српскиот претседател Томислав Николиќ во телевизиска емисија се пожали дека и тој сакал да остави некој коментар на социјалните мрежи ама никако да најде телефонски контакт.

Некој во тиквата гледа семки, некој....

Додека народ главно сеири на разни теми и и грицка семки, еден дечко од Охрид знае по 10 часа дневно да се занимава со шупливи тикви. Шупливи тикви? Врв на денгубење? Ѕирнете, одма ќе ве напушти таа мисла. Браво Климент. 

Роршахов тест за читатели

Баш да видиме дали оние кои обожаваат да ги извртуваат работите и да бараат скриени пораки ќе го протолкуваат ова видео како надменост и подмолен начин да се претстави обичниот народ како стока кој само знае да плука.

Го имаме победникот во информативната трка

Нам ни е лесно, кога има нешто важно, ве линкаме до сите вести (фала богу за агрегаторите) па читајте колку ви треба, туку оние медиуми што бркаат актуелности во Македонија навистина се во постојана трка кој ќе успее да објави прв некоја важна вест. По една од бомбите на Заев, убедливо најбрзо беше нашето милениче Саше кој не само што фантастично ја потепа конкуренцијата во брзина туку беше и фантастично информативен.

Коста Бургов се скара со Даница Максимовиќ!!!

Од секојдневната комуникација со Коста Бургов (за што ве информиравме овде) дознавме дека тој уште ѝ го нема простено гревот што му го направила Даница Максимовиќ (гуглање) кога била во жирито на едно шоу во кое тој важеше за еден од фаворитите. Да пробаме од ова да направиме таблоидна вест, колку да го вежбаме жанрот.