Арсениј:

Њујорк неќе пасти

Токму затоа, сакам да им кажам на сите кои делат интелектуален капацитет со авторите на 9/11, мојот Њујорк во хуманизиран облик има кули близначки кои не паѓаат брзо како њујоршките.

Уште кога бев во средно школо, на листата на желби кои сакам да ми се остварат, прво место делеа две: да живеам во Њујорк и да го запознаам Трендо. Скромно, нели? Ми се исполнија и двете, со тоа што полесно испадна прво да се сместам во апартман на Менхетн, отколку да налетам на Трендо на некоја од локациите на скопските боемски квартови, какви нема во Големото Јаболко.

Њујорк го доживеав. Градот беше таков каков што го замислував и - подобар од тоа. Фер е да се каже дека ги надмина моите очекувања.

Го напуштив Њујорк, како што може да се напушти Њујорк - само физички. Недолго после враќањето на планетата Земја, токму на една таква убава скопско-менхетеновска локација го затворив средношколскиот бакет-лист и си подадов рака со Трендо.

Од тој ден до денес, тој не ме испуштил од раце. Фала Богу :)

Што е со очекувањата од Трендо? Ист е ко Њујорк. Пред да го запознаеш, те импресионира идејата. Потоа стапнуваш во тој свет и сфаќаш дека си знаел - речиси ништо. Харизмата и мислата на човекот ти ги полнат батериите на GPS-от и се осеќаш безбедно на било кој пат и да се најдеш. Учествувањето во ежедневните житија кои ги твори заедно со нему драгите луѓе е привилегија.

Токму затоа, сакам да им кажам на сите кои делат интелектуален капацитет со авторите на 9/11, мојот Њујорк во хуманизиран облик има кули близначки кои не паѓаат брзо како њујоршките.

Мислите дека летате со авион над него и го познавате и не ви се допаѓа и сакате да му наштетите. Ама секој град се запознава од долу, на улици и калдрми, кога пополека ќе пешачиш низ него и ќе имаш поинаква перспектива на сите негови убави плоштади и ќошиња со маалски кафани.

Но, секој со својот капацитет. Некому му е убаво во Слатино. Јас уживам во Њујорк.

Арсениј, виа FB

9 мај 2015 - 17:30