2024-та демне позади првиот свиок, а ние не знаеме џе ни је глава, џе гузица: jавноста залутана помеѓу контексти, медиуми без грам ‘мед‘ нити ‘ум‘, следиме печес војни симултано у реално време на Тик-Ток, увредени сме од сѐ што мрда и дише, скептични сме и у главном неуки.
Кај ли се новите хипици да нè избават од Лукавиот? Тука се, ама не ги бива на два вола слама да поделат. Нео-хипиците генерално се размазени деца на стечајни директори у 90-ти, хобити шо не депилираат пазуви и веруваат у кристали. Животна желба им е да живеат у Берлин. Но, не у оној Берлин од времето на Ник Кејв или од плочата на Лу Рид, туку во овој ‘ајде да јадеме табли засекогаш‘ Берлин. Најчесто работат у тек-индустријата како фриленсери, слушаат техно и не јадат месо.
Кога сме веќе у Берлин и нејадење месо, денес ќе sпремам еден старо-хипички рецепт шо го пробав у еден ново-хипстерски бар, баш во Берлин. Непосредно пред да идам у Берлин, имав дерматолошки фрки, па (пробле)матичниот ми препорача превентивно да не јадам месо на одреден период. Беше тешко, но се издржа. Гуглам ја така тажен веганско-вегетаријански ресторани на база на вегета низ Берлин, и ми искача еден либански ресторан на некои 400 метра од смештајот.
Тито-Нехру-Насер екипа, неврзани браќа, одлично. Веднаш се упатувам, окупирам маса и нестрпливо чекам да бидам услужен. Доаѓа конобар, гутен-абен гутен-абен, му викам дај шо е порцијашки најобилно, најкалорично и највкусно. Вика дечко ти имаш фаца за у донерот од карши, му викам седи мајмун не ми чепкај у отворена рана. Вика уживај сеа ќе те изрегулирам, ич да не се секираш. И така ја несекирајќи се, удрив 3-4 пченкарни пред да ми стигне нарачката. По некои 20-тина минути, еве ти го мајсторот, иде со ајнцер на којшто блескаат боите на елџибити-ил-небити-кју-плус заедницата. Го паркира пред мене и одма почнаа да ме акаат флеш-бекови предизвикани од колоритниста која потсеќа на декор за рејв журка. Но, се прибрав и се препуштив во ова обезмеснато патување.
Фалафели врз розева крема, со киселкаст таан-сос. Да бидам искрен, ептен ми се услади. Со уште две-три пивца - мелем. Требаше демек да бидне главно јадење, но јас господски си го измезив.
За и вие да се почувствувате како господа, го рекреирав овој одличен либански специјалитет:
Фалафелот: во блендер сместуваме 300 грама наут, 150 грама грашок, пола кромид, 20 грама ким, сол, бибер, лук у прав, свеж магдонос, 3 супени лажици брашно, кора од еден лимон и сок од истиот. Блендерот на центрифуга. Да напоменам: ова не е традиционален рецепт за фалафел, уште у старт да се оградам од цепидлачење. Но како и да е, според мое скромно мислење, далеку подобар од конвенционалната варијанта.
Ок, со лажица црпнуваме од миксот и нанесуваме на тава со малку загреано масло. Печеме на средно-силен оган, 4-5 минути по страна. Резултат: превкусни флуоресцентно зелени ќофтиња. Внатре меки, со крцкава кора.
Розе кремата: во блендер инсталираме 350 гр. павлака и 200 грама варено или печено цвекло (не туршија, не сирово). Сол ünd бибер, малку масло и ротираме. Кремастата подлога ни е готова за минута.
Таан-сосот: 2 лажици таан паста, сок од пола лимон, сол и малку врела вода. Мешаме со вилушка додека пастата не се разводени и стане течна.
Време е да сервираме: Мачкаме по тањирот од нашата розе подлога, врз неа додаваме црн или обичен печен сусам, следуваат фалафелите, врз нив таан-сосот и наместо цреша на шлагот додаваме кршени ф'стaци.
Се поклонуваме и почнуваме со мелење. Шала на страна, ова е фантастичен рецепт направен со достапни намирници.
Пис, лов и риболов!
Кирил Стоименов