Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 200 гр. сирење биено
- брашно
- 2 јајца
- лебни трошки
- сусам
- масло
Подготовка
Во еден сад изматете ги јајцата. Во две посебни чинии ставете го брашното и лебните трошки.
Парчињата сирење прво извалкајте ги во брашно, јајце, лебни трошки , сусам.
Така подготвени ставете ги во претходно загреано масло и пржете ги додека да зацрвенат и сирењето да стане растегливо.
Можат да се декорираат со сос од павлака во домат.
Пријатен апетит!