Насловено како „Сатанизам во Кромберг и Шуберт“, пробавме да прочитаме едно писмо на вработен кој тврди дека фабриката е дувло за наведениот сатанизам (јер Натемаго обожава да се крие во фабрики за кабли), перење мозоци, тортура, комунистичка пропаганда и ред други неубави работи. Да видите само што сè му пречи и му е сомнително! По лудо, глупо и по малку страшно нешто, одамна немаме прочитано.