Сфаќа ли таму некој колку е ова глупо?

Ја видовме најновата епизода од владината кампања против корупција. За да не бидеме како Заев со бомбите, прво да ви кажеме што ќе слушнете па дури потоа да ве пуштиме да го слушнете тоа (во понудениот „виолински клуч“) прво да го видите видеото.

Настрана што поентата со мегафоните е тенка ко чоколатцето од сладолед Снежец и што визуелизација на идејата е блесава и на прва топка, самата приказна - оправдано - е едноставна и разбирлива: на царина службеник бара рушвет, а не е убаво така. Меѓутоа, како е изведено тоа и кои се клучните „драмски“ моменти?

Првиот пишурија момент е што колегите на цариникот се сепнуваат кога овој ќе каже нешто нормално - дека за стоката во гепек треба да се плати царина. Зошто ли се сепнуваат баш на тоа? Така ли се форматирани сите македонски цариници, да се трзаат на професионалност, да им пара уши ако некој нивен колега побара нормално да се плати царина?

Вториот момент е што истите тие колеги доаѓат кога рушветот е договорен и реализиран. Со оглед на причината за нивната првична сепнатост, се поставува прашањето за што тие всушност доаѓаат? Да го побараат својот дел од колачот?

Наравоученија од видеото, онака како што ние го видовме: Македонските цариници се кварни од прв до последен и нема шанси хиените да намирисат рушвет а да не се нацртаат за да го поделат пленот.

Тоа е. Од тапшачи по рамо ќе си страдаат, ко и сите други пред нив. Супер ни е кампањата, шефе, сите се одушевени.

7 септември 2021 - 17:01