Дарјан и Луиз

Возам еднаш накај Преспа и тука некаде после бензинската Лукоил кај Битола гледам девојка стопира. Ај секако бев сам, викам ќе застанам. Здраво здраво до каде, вика до Дупени. Ја па на другава страна од езерото ама ај до Макази па ќе видиме од таму што како. Ок, влага, тргаме.

Девојкава вака фина крупничка ама убава, културна све. Викам што вака аутостоп, не сум видел одамна, а и не е некоја релација. Абе вика не знам дали да ти кажам, малце незгодо, викам кажи нема везе.

Вика абе идев со еден дечко од Ресен, полицаец, све ок на почетокот ама последниов период малку стана посесивен, и морав да раскинам, ама ме прогања уште. И неговите притисок ми прават. Морав да се тргнам малку да одморам од све, малце сама со себе да средам глава.

Па викам ок, ама аутобус, такси ова она. Не е до толку скапо на релацијава, вака на жешково да чекаш... Абе вика, да ама малце коа реков дека ќе идам сама настана фрка, он знае дека немам кола, нешто се закануваше ќе стопира аутобуси ќе ме најде ќе ме симне. Луд е малце ти викам.

Ах, си викам ебати ксметот Дарјане, сега да нè запре лудиот и да ме пишува Горан Михајловски со капс лок, убиен од љубоморен маж ради жена што ја качил ко стоперка. Викам, абе како се вика, кој е што е, ги знам по Ресен џандарите, може го знам. Вика, он за мене е Никој, батали.

И нема везе, викам ај 20км се, не сум толку малер. Малце непријатно али тоа е. И што и текна, вика слушај колава аутоматик ли е? Аутоматик. Дали е проблем да ја пробам, баш сакав да купам аутоматик па да видам како е. Малце шубе сеа ама па и како да и кажам не може. Ајде викам.

Нека ме јаде врагот, застанав, се сменивме. Вози девојакава полека, ја и објаснувам, ногата на страна, мењачот у D, фати некој ритам тераме полека. И се ближиме полека накај Макази, коа таму џандарска кола. Не е дека не стојат обично ама шубето на стотка. Викам тренутак истине.

И одеднаш девојкава ги гледа џандариве. Кочење нагло, вртење полукружно со сета сила, ја едвај останав у седиште и почињам да се дерам СТОООЈ, а она ми се врти и ми вика:

Не вели стој, зашто патот е овој
Да ме сопре може Никој.

Дарјан Раденковиќ

30 јули 2021 - 10:41