Уште сум под импресија на сликата. Жално, жална Македонија.
Замислете само колку малтретирање за фамилијата да ја качат неподвижна на тракторот. Замислете само како ѝ било на жената по планински патишта на тракторска приколка.
Нејсе што медицинарите заборавиле на протокол, нити маски, нити ракавици. Хигиенски услови нула. Немало теренски возила. Шилегов штотуку додели 750.000 евра на ''невладина'' да посаделе 5-6 дрвца на кровот на Мавровка. За тие пари може да се купат 80 и со зборови ОСУМДЕСЕТ дачија дастер.
За гласање се наоѓаат џипови, за вакцинирање не може. И капак на сè Венко Филипче се фали со тоа. Од она што паметниот се срами, будалата се гордее.
Прости им Боже, не знаат што прават.
П. С. Ќе го преживее Македонија и ова лудило.