Кого тоа ние плаќаме во амбасадата во Белград?

Александра К. со генерации наназад е по потекло од Загоричани, Костурско, Егејска Македонија, онаму каде што илинденското востание било помасовно и од Крушево. Татко ѝ се борел во граѓанската војна во Грција, а по егзодусот со фамилијата живееле во Романија и Србија. Александра К. посакала да се распраша дали и како може да добие македонски пасош па се јавила во нашата амбасада во Белград. Пристапот на кој наишла и одговорите и советите кои ги добила се, како да кажеме, одвратни.

Инаку, селото се спомнува во некои од постарите верзии на песната „Народе македонски“

 

 

31 август 2021 - 15:50