Наумче, Македонија из а бич

Да ја спомнат Македонија без Северна им е смртен грев. Се поправаат едни со други (Заев со Анѓушев), го повторуваат тоа северна со дервишка упорност (*), не признаваат кога ќе утнат (**), просто, прават будали од себе. А фројдовски е разбирливо, да го утнеш баш она за она за кое најмногу се стегаш. Наумче Мојсовски, заслужи да те фрлиме на Грците.    

На пресот по повод пристигнувањето на сребрениот олимпиец, теквондо мајстор Дејан Георгиевски, на првиот човек на Агенцијата за спорт и млади му се случи баш таа омашка, да изусти Република Македонија, без додадокот Северна со кој покажавме зрелост (***)  и кој ни ги отвори вратите кон ЕУ, односно кон Врање.

Ако еднаш лаже, три пати не лаже:

Истиот тој Наумче, пред само неколку дена, најсељачки притискаше Фудбалската Федерација на Македонија да си го смени името, со аргументот „Ако сакаат пари, ќе мора да си го сменат името“. Мислиш он ги дава парите, јебале га парите.

А пошто е очигледно дека Наумче сака државни пари (човекот прима плата од државна агенција) редно е да не валкаме ние раце со него туку истиот да го решат ревносните чувари на Преспансккиот договор, Грците, кои рипале и за помали работи.

Овдe имате контакт со грчкото министерство за надворешни работи. Слободно пренесете им го линкот од оваа статија со видеото како Наумче го крши Преспанскиот договор изговарајќи го иредентистичкото име „Република Македонија“. Ќе знаат тие што треба.

За нас губитниците (оние кои ги боли што им го сменивте името) има некое мало задоволство во тоа овдешните вазали да страдаат не од нас, туку од оние кои самите ги избраа за свои господари.

************

* Колку пати во една минута може да се каже Северна?

** Ружно ви е името, затоа не си го знаете

*** Лекции за Најчевска

31 јули 2021 - 18:54