Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ сакаат да ги вратат младите во Македонија.
Еве нѐ, вратени сме!
Зошто сум невработен? Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Министерката Ирена Стефоска инсистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО.
Во Министерство за култура, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата. Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор.
Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети. Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса? Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам.
Каде грешам, како правилно да постапам?