Слобода

Секој ден врви сѐ побрзо и побрзо, сѐ помалку се среќавате со оние кои ви значат, а и кога ќе се сретнете, средбата ја поминувате во страв, паника и небулозни теми за кои реално врска немате, бидејќи и тоа е поентата, да не се зборува за чувства, љубов и слично, ами само за страв и бројки, затварање и застрашување.

Вакцинираните им се лутат на невакцинираните, оти вториве не се боцнале, а првиве исплашени дека ќе бидат заразени иако нели се заштитени.

Невакцинираните гневни кон вакцинираните исто како и вториве кон првите. Веќе се заборави поделбата на гладни и сити, сиромашни и богати, сега има нешто ново, "новото нормално" , сега постојат: чипирани и нечипирани, паметни и глупави, позитивни и негативни, а всушност сите се слепци и неписмени и тоа од прв до последен.

Конечно успеваат да ви го избришат од кодот зборот "слобода". Закопани во малите светкави екранчиња, читајќи милион термини и цифри кои врска немаат, туку само имаат цел да ве закопаат во својата пепел, да ве замрсат како рибарски конец и со тоа да ви го зашијат за свеста, стравот, како да е нешто без кое не може да се живее. Секој ден врви сѐ побрзо и побрзо, сѐ помалку се среќавате со оние кои ви значат, а и кога ќе се сретнете, средбата ја поминувате во страв, паника и небулозни теми за кои реално врска немате, бидејќи и тоа е поентата, да не се зборува за чувства, љубов и слично, ами само за страв и бројки, затварање и застрашување. А штом ќе се приберете во своите скапо платени квадрати, повторно сте најсилни пред светкавите екрани и таму ги исмевате оние чипираните, а чипираните ве исмеваат вас како не сте чипирани и така кругот на омразата, простотијата и глупавоста се шири до бескрај.

Затоа Вие за кои знам дека ќе се препознаете и ќе прочитате, а ќе премолчите, еве Ви една моја песна, мразете ме и плукајте ме, колнете и што сакате правете, но знајте:

Да имаш здравје,

а да немаш слобода полошо е,

отколку здравје да немаш.

Оти вака ти здравјето го имаш,

ама не го уживаш,

само го абиш и се мачиш.

Го трошиш во некое ропство,

во некоја пригушеност

и затвореност гнила.

Да имаш слобода,

а да немаш здравје,

тоа е надеж.

Надеж дека ќе дојде здравјето,

дека ќе живееш за да го доживееш,

дека ќе се бориш во слобода

за да го вратиш во себе.

Слобода.

Марко Виденовиќ

1 август 2021 - 08:03