Разно

Редовно годишно послание на Коста Бургов

Календарот на Бургов порано го најавуваме со наслови од типот „Стигна календарот, годината може да почне“, но бидејќи овој адет одамна е влезен во традицијата на македонскиот интернет народ, овојпат само рутински да го проследиме новиот календар и овогодинешната богоугодна порака на овој драгоцен пријател на љубителите на музиката и смртен непријател на интерпункцијата. 

Ако утре не дојде

Песната е од Гарт Брукс, пее Елена, свири Марко а текстот го адаптирал Борче. Елена признава дека има утки („Татко ми ќе се одрекне од мене“, се зеза на крајот) ама ветува „Ако дојдеме до 1.000 прегледи, ќе ја преснимиме со корегиран текст“. Ма браво Елена и вака, а браво и за вас што ќе помогнете да дојде до илјадарката, па да ги држиме за збор.

Самурајски поздрав за земјата на која ѝ го сменија името

Прашање до Заев, Димитров и 80 собраниски разбојници: За што загина Миле Поп Јорданов, клошари? За нашата земја? За да ви стане јасно, ќе мора песната да ја слушате до крај. На своите животи.

Јасно ли ви е дека умрел секој трет кој влегол во болница?

Разболувањето од ковид-19 треба да се сфати сериозно. Иако од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 34,8%!

Бугарите можат да бидат одлични, кога има кој да ги води

А овојпат ги води, непогрешливо и со сите орудија при рака, бравурозниот махер Стевче Стојковски. Пиринско оро на бугарска телевизија, срча.

Браќа, а да ве почастиме ние со една песна?

Ни дојде некој порив со песна да придонесеме кон позитивниот дух кој го шират Каракачанов, Борисов и другите. Сакавме да го направиме тоа со партизанската Бандиера роса, но бидејќи таа на бугарски тешко се намира, ќе ги поздравиме со една друга песна. Стварно е убава а тие па ја имаат пеено во право време.

Што е поентата на ова видео?

Не се тревожете, кратка видео снимка од гробишта, со вообичаени работи од таму: гробови и надгробни споменици со имиња на луѓе чии земни остатоци почиваат таму.

Четири степени на одбрана

Стојанче Ангелов, некој командант со лепливо раче, Бучковски, крајно сомнителен настап на Заев... сеедно кој, кога, како и зошто. Пропагандниот гениј на власта редовно командува со четири степени на одбрана, фортифицирани на точно познати позиции од кои не се отстапува ниту за милиметар, дури и тогаш кога јавното мислење поминало преку нив како торнадо преку стар полски тоалет, односно нужник.

ЕУ? Ало, ЕУ? ЕУ ма?!

На оваа приказна ми текна кога си помислив како ли се чувствуваат сите оние ѓоа мудри глави што парадираа со ЗА прилепено на нивните профилни слики и ревери, кои нѐ убедуваа дека од историја и име не се живее, кои ги етикетираа сите неистомисленици како небањати сељаци, пропагирајќи го виткањето кичма како врвна кама-сутра поза што нуди безгранична сексуална сатисфакција...

Џабе ѝ ставате имиња на Македонија

Сите завојувачи на Македонија се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Залудно. Кој е роден во Македонија - знае.

Од светот за Македонија, со љубов

Група музички ентуизијасти и вљубеници во македонската песна во соработка со наши музичари склопиле фина врзија на „Сокол ми лета високо“. Кога ќе видиш деека на кавал е Фабио, на зурла Џесика, на тамбура Диего, Давид и Тамура Јочимичи а за Гоце Делчев пее Лорен, ем ти доаѓа убаво, ем екстра пелин поради силувањето кое ѝ се случува на Македонија. 

Најлоши сме меѓу најлошите

Најљубезно се моли Венко Филипче да не ги релативизира работите со неговите паушални изјави, како неговиот шеф пред неколку дена. Денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки.

Представете си живота в ритъма на танцовата музика

Забелешка за надлежните: Колку и да е банално, сфатете го ова како дел од СВЕСНА и ПРИВАТНА анти-бугарска пропаганда, зашто законите не забрануваат анти-бугарски, анти-монголски или анти-хавајски пропаганди а глупо е во Македонија да постои само про-бугарската пропаганда на Заев и неговите колаборационисти. За поефикасна борба против нас, најдолу ви подаруваме едно гратис средство.

Васко, да си ни жив и здрав

Младиот стружанец земал бугарски пасош од најрационалната причина која може да постои: неговиот живот и здравје. Сега им го пакува пасошот во коверт и им го враќа на Бугарите. Сериозно сме без зборови.

Македонски роботизирани единици за брза интервенција

Пазете го новинарот кој го правеше она дно интервју на Заев. Од самото интервју, ќе го памтевме само како носител на најбугарската модна комбинација која сме ја виделе последниве десетина години. Ама, имал тој и поголеми проблеми.

Македонија - Левски 2:1

Снимка на легендарниот Благоја Дрнков од 1942 година.

Што вика Бугар кога ќе види жирафа?

Гостин на Васко Ефтов му раскажува анегдота за која вика дека најпрецизно го отсликува менталитетот на нашите некогашни административци. Баш.

Кој ни ги украде Евреите?

Споменот на нивните животи денес се отфрла како неважен статистички податок, во обид да се - што? Нејасно е. Јасно е само дека од неукост, неинформираност, незнаење, злоба, лични интереси, или сѐ горенаведено, некој свесно, макијавелистички одлучува дека овие 7.762 души не се толку битни кога се работи за иднината.

Од македонскиот дип веб

Ерик Картман и неговиот христијански рок бенд можат само да позавидат. Може не им е лоша музиката ама го немаат Џими да им рапува. Џими Интегра. Што порано беше Џими ТМОРО. А понудата е баш ферска: христијани да ја носат неговата вистина а тој да ја чува Македонија. Конечно некој реципроцитетен договор да видиме. 

К-15: Интервју со Зоран

„Македонија повторно со гордост го носи епитетот оаза на мирот, на Балканот а богами и пошироко. Денес со крупни чекори чекориме кон евро-аталантските интеграции и на прагот сме да станеме дел од големото европско семејство каде што и припаѓаме“ - Тошо Малерот, 2003 година.

Галиполе на падежите

Лесно е да го запамтиш „I Have a Dream“ на Мартин Лутер Кинг или „Ich bin ein Berliner“ на Џон Кенеди. Биди мајчин па ова репродуцирај го! Леле бе кога ќе ни текне како скопските „освестени“ восхитено му стануваа да го поздрават кога им доаѓаше по дебармаалските кафиќи, како човек кој ќе ни донесе нову квалитету у животима наши, озгора на тога спокојство од једне диктатуру.

Добро погледнете ги момчињата од Ваташа па преговарајте

Кој ќе можеше да помисли дека ќе дојде време кога амнезијата ќе се правда со виши (интегративни) цели па секое потсетување може да биде протолкувано како кочничар на развојот. Ама, од што не кочевме сме ваму кај што сме. Сфаќаат ли што лупетаат кога апелираат некои формулации од Втората светска војна да биле ублажени?