Овие па, зелениве па...

Тоа дека ДУИ станаа зелени е веројатно најбурлескниот ребрендинг што го имаме видено во сите овие блесави години на политички маскаради и карневали, рамен на идејата Металика некој ден да се пријават на Гоце фест. И пошто се тазе зелени, прават зелени.

Во Тетово, градоначалничката Теута Арифи, заедно  со младите партиски фиданки, пуштале балони во воздух. 

Ок е што балоните се зелени, ама знаат ли зелениве дека сите тие силни балони ќе завршат некаде во природа а дека периодот на распаѓање на материјал како што е гумата е меѓу 40 и 100 години?

*******

Бонус „Пантелија го трча почесниот круг“: Новиот спот на Мерко и неговата тркачка дружина, во која тие најприродно спортуваат по фармерки и кошули.

********

Туку, да се потсетиме ние како звучат ДУИ во оригинал.

29 септември 2021 - 13:08