„Можеш да му напишеш писмо на некој што останува на земјата,“ креативно предлага Тино Кајшаров, објаснувајќи како ќе оди целата таа процедура. Исус ќе дојде со глас и со труба (?), први ќе се укрцаат починатите верници а после живите ќе бидат грабнати и однесени на облаци. Што ли ќе прават на тоа облаците, Тино не кажува. Ај, може баш нам ќе ни пише писмо па ќе разбереме.