Да си честитаме

Реално и треба да си честитаме. Ако имам долг кон ЕВН од 2004та што го влечам. Ако за празник се честам со две кришки леб и секако нашиот најдобар маргарин Кристал. Ако.

Реалноста е дека прогресот што го доживуваме откако сме ребрендирани во „Нашата Земја“ е апсолутно вртоглаво ракетирачи брз! Итаме кон ЕУ! Итаме кон ѕвездите! Да се изразам малку архаично - Лета сонот на крилест АТ!

Што ако е плинот 43 денари!? Што ако кирија е 350 евра за гарсонењра у Карпош 3? Што ако чекате преглед за животозагрозувачка дијагноза по 3 до 6 месеци?

Дали сте свесни дека во последниот мандат Владата успеа да нè внесе во НАТО! ДОПОЛНИТЕЛНО СПРОВЕДЕ ПОПИС! Честитам Македонци! -

Доне Милојков, човек кој е видно возбуден од НАТО и успешен ПОПИС НА НАСЕЛЕНИE, a fictional character.

* виа Пост вистина

14 октомври 2021 - 13:30