Дубаи, зборуваш ли за нас?

Во Дубаи во тек е „ЕКСПО 2020“ (лани беше одложен заради пандемијата), еден вистински Вондерленд на кој државите се претставуваат со фасцинантни концепти, дизајн, архитектура, технологии и визии за предизвиците од иднината. Настанот кошта 33 милијарди евра и учествуваат 192 земји. Каде сите Турци, таму и гол Асан.

Препорачуваме прво да го видите следниот видео приказ на Експо за да добиете претстава какви сè чудесии можат да се видат таму и да го почувствувате нивото на креативност со која државите се претставуваат на милионската публика.

Дечкото ги посетил сите 192 павиљона:

Ако не ви се оди толку на долго и широко, доволно е да се тркне до павилјонот на Словнија:

 

************

Енд нау, самтинг комплитли диферент:

Повелете и видео од нашиот павиљон. Пар препарирани животни, теракоти, носии и кабли што висат по ѕидови:

*********

Се разбира, ваквиот 'експо'ниран чемер не е никаква пречка македонски медиуми да не пренесуваат соопштенија на МНР дека деновиве била забележана „рекордна посетеност на павиљонот на Северна Македонија“

 

 

 

2 ноември 2021 - 09:44