Песната започнува меланхолиски меко и нежно но вокалот кој е фабрички „екс-ју рок глас“ најавува дека поозбилна е работата што се покажува точно бидејќи набрзо се придружуваат гитарски рифови.
Римите некогаш се неочекувано иновативни:
„Кога станав граду твоја принова,
и во тоа име капна сливова“
А некогаш се од оние работи кои те тераат да си речеш „хммм“, односно да се замислиш до ниво на егзистенцијален парадокс, како на пример во стихот:
„Имаш душа граду, иако си мал,
во тебе да умрам ја, ќе ми е жал“
Хммм....
Аранжманот - профи. Полн звук, гитари во терца, драмска пауза со мал (и глуп) рецитал а песната најавува светла и амбициозна урбанистичка иднина на Берово, бидејќи е стадионска верзија па има и дел само со вокал и тапан, за да може еден ден, од трибините на некое беровско Сан Сиро да одекнува „Мое Берово, мое Берово...“.
Ништо чудно, бидејќи песната ја најдовме на фејсбук страниците на Интегра.