Чудната судбина на македонскиот Iron Man

Македонскиот документарен проект со работен наслов „Iron Man“ на режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, секаде проаѓа одлично, освен - дома. Досега двапати е одбиван од македонската Агенција за филм. Додуша, еднаш бил подржан. Со 250 евра.

Минатиот месец, документарецот на Каракаш и Подлешанов во продукција на Опиум филм, бил добитник на наградата East Silver Caravan Award, во програмата Beldocs in Progress на меѓународниот  БЕЛДОКС фестивал за документарни филмови во Белград. На пичингот учествувале 10 проекти од Европа.

Досега бил селектиран на дузина европски фестивали, работилници и тренинг програми, што навестува дека квалитетот на проектот веќе е  препознат на интернационално ниво. Дечките го развиваат филмот и одат на тие настани со свои пари. Досега биле подржани само со 250 евра за патни трошоци во 2019 година.

„Филмот досега два пати е одбиен на конкурсот за финансирање на филмски проекти од страна на Агенцијата за филм на РСМ за време на директорувањето на бившиот директор Горјан Тозија“, потсетуваат авторите.

Приказната на филмот е за пензионираниот полицаец Војо, иноватор со неколку регистрирани патенти, чија животна страст и мисија е да направи „Балтазар“ машина за прочистување на воздухот.

Да не испадне после како со „Медена земја“, па да не се знае кој прв ќе се нареди за сликање и ПР тракатанци.

 

2 ноември 2021 - 08:23