Разно

Не се гледаат секој ден на Вимблдон вакви мангупарии

Корентин Муте од Франција, 69-ти на АТП, го елиминираше Аргентинецот Франциско Комеса во првото коло од Вимблдон. Погледнете каква финта му продаде во третиот сет. Кој би рекол а?

8 играчи од Топ10 веќе испаднаа од Вимблдон

За првите два дена од Вимблдон испаднаа толку познати топ играчи од ранг листата кои во некое друго време би биле најмалку во трето коло на големиот Гренд Слем.

Победата на Ѓоковиќ на Вимблдон во 3 минути

Српскиот тениски ас кој доаѓа како седумкратен првак на Вимблдон, го победи Французинот Александер Муле со 3-1 во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2, во меч кој траеше 3 часа и 19 минути. Новак нема пораз во прво коло на најелитниот турнир, уште од неговото деби во 2005-та.

Новак објаснува што ги краси Федерер и Надал и со кого има слични карактеристики?

Во третата сезона од емисијата „(Не)успјех првака“, во која за водител е поставен Славен Билиќ, последен гостин е Новак Ѓоковиќ, кој зборува на повеќе теми. Вели дека тенисот повеќе не му е приоритет до толку многу, колку што му бил претходно и дека сака да се посвети и на приватниот живот.

Поенот на денот е на Фоњини против Алкараз

Kарлос Aлкараз, неочекувано, дури во 5 сета го елиминираше 16 години повозрасниот од него, Фабио Фоњини, кој е генерација со Ѓоковиќ. Италијанецот го изнамачи фаворитот и го одигра поен на денот.

Кој губи има право да се лути

Триесет годишната Московјанка Јулија Путинцева која игра под знамето на Казахстан веќе неколку години, доживеа дебакл на отворање на Вимблдон 2025. Таа изгуби 0:6, 0:6 од Аманда Анисимова во дуел кој траел 44 минути. Пред крајот кога видела дека доживува тежок срам, Путинцева се расплакала и покажала со прст кон некој маж во публика, побарала од обезбедувањето да го отстрани од трибините „да не случајно има нож во него“.

На Вимблдон падна рекорд со сервис брз 246 км, Фриц го врати

Французинот, Џовани Мпеши Перикар, постави нов рекорд во историјата на Вимблдон, откако сервираше со брзина од 246 км на час. И тоа уште во третиот поен од мечот. Тејлор Фриц, не само што го врати ударот, туку му го зема и поенот. Инаку претходниот рекорд изнесуваше 238 км, а го држеше Тејлор Дент од 2010 година.

Кој е Далибор Сирола, новиот тренер на Новак Ѓоковиќ?

Го направи Зверев „ѕвер“, плус ги има тренирано Шарапова и Синер.

А го слушнавте ли Брајан како везе македонски?

„Луѓето често ми пристапуваат на англиски, не очекуваат дека зборувам македонски и сите се чудат кога ќе им вратам на македонски“, вели Брајан Авиа, носител на пет државни рекордни под знамето на Македонија.

Соборен е најстариот рекорд во македонската атлетика од 57 години

Огнен Стефановски стана првиот македонски атлетичар кој прескокнал со стап 4 метри.

Ѓоковиќ и Сабаленка играа јака игра во кладба од 100 долари

Големите пријатели Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ја продолжуваат интензивната дружба во пресрет на Вимблдон. Сега играле една интересна игра, наместиле две шишиња пред секој од нив и играле тенис. Кој прв ќе погодел шише должен е 100 долари на ривалот.

Јаник Синер запали оган со сервис - ама буквално

Светскиот тенисер број 1 на АТП ранг листата објави видео на кое се гледа неговата страшна прецизност со која пали дури и едно шкорче од тревникот со сервис. Видеото веќе има преку 6 милиони прегледи и многу дебати дали е реално или е некоја скаламуција.

Македонецот Брајан Авиа со нов личен рекорд во скок во височина

Се сеќавате ли на момчето чија мајка е Македонка, татко му е фудбалер од Нигерија, а тој е атлетичар со пет државни рекорди во Македонија?

400 метри со дополнителни пречки

Ова ли е тоа кога ќе речат, треба да се натпреваруваш со муда?

Чудни селидби - атлетски ѕвезди од Јамајка ќе настапуваат за Турција?

Јамајка е синоним за настап на Олимписки игри каде нивните спринтери и останати атлети во други спортови често се меѓу најбројните освојувачи на медали. Но сега некако бајката добива поинаков тек.

Спаринг на најдобрата тенисерка и најдобриот тенисер на ранг листа

Светските број 1 на женската и машката ранг листа, Белорусинката Арина Сабаленка и Италијанецот Јаник Синер имале заеднички спаринг-тренинг пред стартот на Вимблдон (од 30-ти јуни до 13-ти јули 2025).

Само во Романија го има ова

Државното романско првенство во велосипедизам, во еден момент се претвори во натпревар по риболов. Воз им пресече пат во сред трка. Нема појако.

Нов делириум со Дуплантис, по 12-ти пат го урна светскиот рекорд

Арманд Дуплантис си поигрува со дисциплината скок со стап. Шведскиот скокач успеа да испише нова страница во спортската историја.

Иранците со воен поздрав до своите убиени генерали пред меч со Словенија

Пред стартот на одбојкарскиот дуел меѓу Иран и Словенија во Лига на нации во Рио де Жанеиро, иранските одбојкари испратија војнички поздрав во знак до своите загинати генерали и сограѓани по нападите на Израел со бомбардери и дронови.

Ни тенисерите не се цвеќиња за мирисање

Често имаат испади кои се доста видливи затоа што се дел од индивидуални спортови па колективот не може да ги прикрие. Удирале деца задолжени за топчиња, камермани, судии. И тоа во некои случаи и намерно.

И брат му на Алкараз да ти бил одличен тенисер

Шпанската јавност денес пишува за Хаиме Алкараз, помалиот брат на еден од најдобрите светски тенисери Карлос Алкараз, кој на еден турнир освоил прво место во денот кога славел 14-ти роденден.

Хокеарска ферка 5 на 5

Во третиот натпревар од големата финална серија на НХЛ, хокеарите на Флорида и Едмонтон се пресметале физички, тепачка што е дозволена во хокејот до одредени граници од судиите. Флорида Пантерс води со 2-1 во серијата против Едмонтон Оилерс. Следниот натпревар се игра повторно на Флорида.

Историјата нема да го заборави најлудиот гем на Ролан Гарос

На Ролан Гарос се играле историски, епски дуели за пехарот. Во неделата таков еден одиграа Карлос Алкараз и Јаник Синер. Италијанецот имаше огромна предност од 2:0 во сетови а во еден момент и доби 3 меч топки за конечно да го реши финалето. Шпанецот се издигна од пепелот, направи страшен пресврт и на крај победи 2:3 во сетови!

Неверојатната драма во финалето Синер - Алкараз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз направи неверојатен подвиг откако во најдолгото финале во историјата на Ролан Гарос со 3:2 го победи Јаник Синер после огромен пресврт откако губеше 0-2 во сетови и спаси дури три меч топки!