Топ Фјуел (Top Fuel) или Драг рејсинг е спринтерска трка на кратко растојание со учество на два автомобили. Дистанцата може да биде 402 метри, 804 метри или 1.609 метри. Овој тип трки се популарни најмногу во САД каде државно првенство имало уште од 1950-те години. Трката може да биде меѓу автомобили, моторцикли, катери, електромобили па и трактори.