По долгата битка со пресврт против Италијанецот Музети до 3 по полноќ, најдобриот тенисер во светот режираше нов лудачки пресврт од 1:2 на 3:2, овој пат Франциско Серундоло од Аргентина. Ѓоковиќ имаше проблеми со коленото во вториот сет, неколку медицински интервенции, но запна и во нова маратонска претстава од 4 часа и 40 минути победи со (6:1, 5:7, 3:6, 7:5. 6:3). Го имаме поенот на мечот.