Аргентинскиот блогер Геро Ариас познат по својата посветеност на физички страшни предизвици на необични локации, во вторникот направил рекордно достигнување. Во срцето во центарот на Буенос Аирес ја завршил 2024-та година со 366 повторувања на шипка и означил крај на предизвиците кои го однеле во разни делови од Аргентина и светот. На 1-ви јануари стигнал до 67.161 повторување.
Додека светот се збогува полека со 2024-та година која е во заминување а ја поздравува Новата година, да се потсетиме на најинтересните моменти од светот на спортот во изминатава година.
Светскиот тенис добива новитет: во двојки за првпат заедно настапија добрите другари Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос. Австралиецот со грчко потекло се врати на тениските терени после долга пауза и имаше успешен настап. Со Ѓоковиќ во раната фаза од турнирот во Бризбејн ги совладаа Австриецот Александер Ерлер и Андреас Миес 3-0 по сетови: 6:4, 6:7 и 8:10.
Младиот Володар Мурзин е нов светски шампион во брзопотезен шах или во рапид категорија, откако во Њујорк ја победи силната конкуренција која беше без главниот фаворит Магнус Карлсен, долгогодишниот апсолутен првак кој беше суспендиран.
Најдобриот светски шахист и актуелен првак во рапид и блиц шах Магнус Карлсен (34) се повлекол од Светското првенство поради тоа што организаторите го казниле затоа што се појавил во фармерки и така ги одиграл седмата и осмата рунда. Од Светската шаховска федерација ФИДЕ го предупредиле па го казниле со 200 долари за кршење на кодексот на облекување. Карлсен им одговара: „Можат да ги спроведуваат своите правила, во ред е, а мојот одговор е добро, се повлекувам. Е**ете се!“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ почна да брои звучни имиња на спортисти кои не се од негова или поточно ги поддржуваат масовните студентски протести во Белград. Меѓу нив, Ивана Шпановиќ, Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Богдан Богдановиќ...
Приказна за човекот кој преживеал логор за време на втората светска војна, без избор и на безмилосен начин. Бил принуден на борби кои го прогонувале до крајот на животот.
Макс Ферстапен без исклучок е и ќе биде еден од најголемите шампиони во историјата. За тоа се свесни и во Ред Бул, како што се и свесни дека Холанѓанецот нема засекогаш да биде со нив, без разлика дали поради тоа што ќе ја напушти Формула 1 или ќе потпише со друг тим.
Во натпревар од групната фаза во одбојкарската Лига на шампиони, Перуџа го совлада француски Сен Назар со 3-0 во сетови. Натпреварот ќе се памети по екцесот кој случајно го направи францускиот одбојкар Анри Леон кој го урна судијата Пол Каталин Шабо-Алекси од неговата судиска кула.
Украинскиот боксер Александар Усик одново, по втор пат го совлада Британецот Тајсон Фјури и ја одбрани светската шампионска титула во тешка категорија. Усик победи по судиски поени а при прогласување на победникот носеше маица со грчки натпис: „Православие или смрт“ и на градите имаше голем ланец со православен крст, појави не баш често видени во Саудиска Арабија.
Александар Усик одново доминантно го избоксира Тајсон Фјури во Ријад, Саудиска Арабија и забележа уверена победа и на реваншот ја одбрани светската шампионска титула во тешка категорија. Британецот изгледаше невообичаено лошо.
Фин Ватчов е менаџер за маркетинг на социјални медиуми кој живее во Македонија и учи македонски. Воодушевен е од атмосферата на големото ракометно дерби во Боро Чурлевски. Оди на ракомет и во Скопје, потоа на Градски да ја гледа Македонија - Летонија, а снима и во хотелот на Горан Пандев во Струмица.
Прошталниот натпревар на Хуан Мартин дел Потро, донесе многу емоции и за него, но и за Ѓоковиќ. Но во Буенос Аирес имаше и забавни моменти, благодарение на талентот на Србинот за имитирање.
Новак беше во Катар за да потпише договор со компанијата Катар Ервејс на која стана глобален амбасадор. Во меѓувреме посетил и тренинг на Формула 1, ама бил и да се потшиша. И таму ја рокнаа песната на Нада, која стана хит благодарение на него и Златан.
Годинава 2024-та светскиот тенис ќе ја памети по два големи допинг скандали со најдобриот тенисер и второрангираната тенисерка на планетата, Јаник Синер од Италија и Ига Швјонтек од Полска.
На неделната трка за Големата награда на Лас Вегас во САД победи Расел од Мекларен а втор беше неговиот со-возач Луис Хамилтон па тимот оствари еден-два победа. Во непосредна близина на патеката се наоѓа и еден трговски центар па љубителите на Формула 1 успеале да најдат фора како преку подвижен лифт - ескалатор да гледаат колку можат да видат.
Маноп Шрирупи или професионално познат како Лердсила Муајтаи е повеќекратен шампион во муаи-таи, тешка боречка вештина која содржи удари со наизменични техники. Тој се прославил со неверојатна техника и антиципација. Кога го прашале во што е неговата тајна, рекол: „Јас не се движам побрзо од тебе, јас се движам порано од тебе“.
Покрај тениската фела, за кариерата на Рафа Надал со воодушевување зборува и фудбалската, посебна шпанските асови кои се горди на својот сограѓанин кој блесна со 22 Гренд Слем титули, 36 Мастерси, 2 олимписки злата или вкупно 92 шампионски титули.
По крајот на дуелот против Холандија во Дејвис Купот, претставници од Меѓународната тениска федерација ја започнаа церемонијата во чест на големиот Надал.
Најдобриот шпански спортист на сите времиња, како што го нарекоа шпанските медиуми, се збогуваше со тенискиот рекет. Го стигнаа многу емоции откако неколку илјади шпански навивачи громогласно му го скандираа името.
Кариерата ја заврши во 2005-та со 50 победи и 6 порази. 44 од победите му се со нокаут. Од нив 19 во низа, а тоа се првите откако почна да боксува. Сè уште е најмлад шампион во тешка категорија на 20 години. Важеше за најстрашната боксерска машина која не бадијала го доби прекарот „челичен“.