Разно

Фото на денот

Нема да одиме со она легендарното од лево на десно клечат/стојат, туку ќе ги респектираме по години. Атанас Костовски, Златко Калински (омилениот), Југослав Костовски, Тони Стојановски, Дамјан Николовски (најмладиот). Не врши работа едно пиво за да ви раскажуваат анегдоти од стотиците и илјадници минути коментирање на разни спортски збиднувата, посебно па со двајцата пензионирани. Инаку за екипата да биде комплетна, фалат уште.

Ивандер Холифилд и Ленокс Луис пред мечот биле во соблекувалната на Тајсон

За помладите генерации, Холифилд и Луис беа најголемите ривали на Тајсон во времето кога имаше саглам бокс и тие двајца се дел од вкупно петмината кои успеале да го совладаат. Холифилд го победи во 1996-та, па следната година уште еднаш кога Тајсон беше дисквалификуван поради она славно гризење на увото. Луис пак го порази Тајсон во 2002-ра. И двајцата му дадоа поддршка пред борбата против 31 година помладиот Џејк Пол.

Безобразна футсал мајсторија

Се работи за шпанската футсал екипа Рибера Навара, ако ви значи нешто. Ниту тргнаа во акција, ниту топка нагазија. Луда работа.

Пред очите на Доналд Трамп, Џон Џонс го разби Стипе Миочиќ и му ја заврши кариерата

Ветеранската битка која што се чекаше повеќе од една година конечно се оствари. Во Њујорк во спектаклот УФЦ 309 се бореа големите шампиони Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Џонс победи и на крај направи шоу со Доналд Трамп кој седеше во прв ред.

Се огласи Тајсон со соопштение

Чудо не се случи. 58-годишниот Мајк Тајсон се врати во професионалниот ринг после цели 20 години и прилично очекувано изгуби од младиот боксер-јутјубер Џејк Пол. Тајсон беше пред пораз во третата рунда, зададе само 18 удари а прими 97 и на крај изгуби по судиски поени.

Пресудија годините, Мајк Тајсон загуби од јутјуберот Пол

Џејк Пол, синоќа во Тексас, САД, со едногласна одлука на судиите го совлада легендарниот боксер Мајк Тајсон. 31 година помладиот јутјуберот и инфлуенсер му покажа голема почит на челичниот и му се поклони.

Протече документ за кој се тврди дека е сценарио за борбата Тајсон - Пол

Светот е во исчекување, Нетфликс ќе врши пренос, ВИП картите се продаваат по 5 бона. Ќе губи ли стариот или пак без старца нема ударца? И дали е можно да има однапред смислени валкани игри?

Тајсон го ишамара младиот јутјубер Пол како најава за бокс мечот

Конечно после долго време ќе бидне и долго очекуваната борба меѓу еден од најлегендарните боксери на сите времиња Мајк Тајсон (58) кој веќе одамна е во пензија и младиот, полетен и дрзок американски јутјубер Џејк Пол (27). Борбата е закажана за петок кон сабота после полноќ. На мерењето пред дуелот Мајк му залепи шлаканица на Пол кој остана мирен.

Диего Форлан влезе на АТП, игра сериозен тенис

Некогашниот расен стрелец и пеколен шпиц Уругваецот Диего Форлан дебитираше на професионално ниво на свои 45 години. Настапуваше и претходно а сега се појави во натпревар во двојки и изгуби 6-1, 6-2 пред домашната публика на турнир од АТП Челенџер категоријата во Монтевидео.

Боксер ишишан на сред борба

За време на борбата меѓу Остин Деанда и ДеАндре Петус во Нортфолк, Вирџинија во саботата, ќошето на овој првиот во рингот било претворено во берберница. Во третата рунда Деанда примил еден удар од кој добил оток и не гледал убаво. Му сметало и репчето па луѓето од неговиот тим му го скратиле за време на паузата. На крај Деанда победил и ја забележал 15-та победа од 15 борби во професионална кариера.

Австралијката што се „прослави“ со брејк-денс на Олимписки Игри заврши „кариера“

Триесет и седум годишната Рејчел Ган, Австралијка која минатово лето на Игрите 2024 во Париз се посрамоти и себе и цела своја земја после кабастиот и грозен брејк-денс кој го имаше на турнирот кој за првпат се играше на едни Олимписки Игри, решила веќе да не се натпреварува. Таа стана позната на социјалните медиуми.

Макс Ферстапен направи чудо на трката со поројни дождови во Сао Пауло

Големиот трикратен шампион и најдобар Формула 1 пилот на денешницата, Холанѓанецот Макс Ферстапен направи нов и досега ретко виден подвиг откако на трката за Големата награда на Бразил стартуваше од дури 17-то место а на крајот со страшен пробој на влажната патека Интерлагос стигна до првото место.

Како Федерер му врати сервис на Родик со 225 км на час?

Четвртфинале на УС опен 2007 меѓу Енди Родек, кој ја заврши кариерата со само еден Гренд слем (УС опен 2003) и кој одигра уште три големи финалиња, сите на Вимблдон и сите со пораз од Федерер. Погледнете ја оваа рутина на Швајцарецот на која и коментаторите се чудеа и се прашуваа дали некој друг му го има направено ова на Американецот.

Знаете ли кога Роџер Федерер чувал македонско знаме дома?

На 17 години, во неговиот роден Базел во Швајцарија, легендарниот Роџер Федерер во својата соба дома имал постери од Шекил О’Нил, Памела Андерсон и погодувате чие знаменце.

Најдоброто од полуфиналињата Надал - Алкараз, Ѓоковиќ - Синер

„Слемот на шесте кралеви“ кој се игра за прв пат, а домаќин е Саудиска Арабија, стаса до финале откако младоста го победи искуството или поточно ветераните.

Топ 10 поени на Рафа Надал

Тешко дека може да се направи адекватен избор на најјаки 10 поени од кариерата на човек со 22 Гренд слем титули. Изборот сепак не е лош, напротив фантастичен е и се гледа во еден здив. Пола од овие магии му се против Ѓоковиќ. Лета по теренот и тогаш кога ќе помислите дека само се труди да врати топче од тешка позиција, тој пука проектил.

Жесток и опасен судир на романски и албански градежници на „Камп Ноу“

Стадионот на Барселона, култниот „Камп Ноу“ веќе неколку години трпи сериозна реконструкција поради што екипата игра на Олимпискиот стадион на ридот Монжуик. На интернет се појави видео од страшна тепачка меѓу две тајфи мајстори: Романци и Албанци. За среќа освен повреди немало посериозни последици.

Новак му се обрати на Роџер на трибини

Финалето на Мастерсот во Шангај кое Синер го доби против Ѓоковиќ со 2:0, од трибини го следеше Роџер Федерер во друштво на Карлос Алкараз. „Убаво што те гледам Роџер, посакував да играш со нас, веројатно прв пат играм пред твое присуство, што ми направи притисок“, му рече Србинот на довчерашниот голем ривал.

Ѓоковиќ со моќна порака до Надал: Твојата истрајност, посветеност, борбеност ќе се учи со децении.

Новак Ѓоковиќ му испрати прекрасна и емотивна порака на Рафа Надал, со голема доза на респект. Формираа незаборавно ривалство, едно од најголемите во историјата на тенисот и секогаш демонстрираа голема меѓусебна почит.

Првиот Вимблдон на Надал во незаборавното финале против Федерер

Во тоа финале кое траеше 4 часа и 48 минути, најдолго до тогаш во историјата на турнирот, Надал и Федерер влегоа со 14 освоени од вкупно 16 претходни Гренд слем титули (12:4 за Роџер). Битката заврши со пресврт на шпанскиот ас кој се врати од 0:2 на 3:2 (6–4, 6–4, 6–7, 6–7, 9–7). Финалето се смета за едно од најдобрите во историјата. Погледнете ги најдобрите поени од мечот. Страшно нешто.

Моќната реклама на Најк за долговечноста на Надал

Рафа одигра само 23 натпревари во изминативе две години, а колку е далеку од својата препознатлива форма се потврди и на мечот против Ѓоковиќ на Олимписките игри. Денешната објава за повлекувањето беше очекувана дека ќе се случи за скоро. Заминува како великан на тенисот со 22 Гренд слема и еден куп други успеси и тениски лекции, посебно на земја.

Дојде крајот, Рафа Надал му кажа збогум на тенисот

Надал напиша „Благодарам до сите“ на 12 јазици, меѓу кои и на српски и сними видео со кое и се обрати на јавноста дека со настапот во Дејвис купот, што ќе се одржи 19 до 24 ноември во Малага, завршува со професионално играње на тенис.