Бугарскиот тенисер Григор Димитров се најде меѓу толпа навивачи кои го чекаа за сликање и автограми на Мастерс турнирот во Кина. Во еден момент ептен се изнервира и му се пушти на еден од фановите, но од преголема гужва не се знае зошто.
Стадионот Тропикана Филд на кој настапува бејзбол тимот Тампа Беј Рејс, беше планирано место за евакуација за време на најавениот ураган Милтон. Но невремето им ги расипа плановите, го оштети стадионот и го откорна кровот.
Новак Ѓоковиќ за 74 минути го суреди Русинот Роман Сафиулин (6-3, 6-2), во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Каде е Ноле, таму е и забавата.
Познатиот американски новинар/стручњак за хокеј и тамошната НХЛ лига, Реј Фераро направил интересен подвиг: прво го коментирал мечот Сиетл Кракен - Сент Луис Блус (2:3) по што веднаш истрчал надвор од салата, го возеле до аеродром и фатил лет за Јута каде после два часа го коментирал мечот Јута - Чикаго Блекхокс (5:2).
Како и неговите колеги од владата на РМ, така и Борко Ристовски, министерот за спорт, направи рекапитулација на сработеното во првите 100 дена од новата Влада на Република Македонија.
Не знаеме каде е ова, која лига е и кој е типов. Но после оваа завршница, не смее да помисли повеќе да оди во напад. Се надмина себе си човеков пред гол.
Американецот Франсис Тиафо загуби 2:1 од Русинот Роман Сафиулин во третото коло од Мастерсот во Шангај. Според начинот на кој му се обрати на судијата, изгледа имал доста замерки околу судењето.
Интересна сцена фатија камерите на мечот меѓу Руне и Беретини на АТП турнирот во Шангај. Мајка му на Руне му сугерира на следниот сервис да се брани на форхенд, а Италијанецот му се сервираше на бекхенд. Само да му ја видите реакцијата. Инаку Руне победи 2-1 и се пласираше во трето коло.
Акцијата се однесува на тикетите на кои се типувани и погодени 13 натпревари, со минимален коефициент по натпревар од 1,4 и со минимална уплата од 20 денари.
Новак Ѓоковиќ го совлада Американецот Алекс Микелсен на Мастерсот во Шангај со 7:6, 7:6, а во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Стен Вавринка и Флавио Коболи. Го имаме поенот со кој си собра аплаузите и овациите. Од зад грб му ја врати.
Кардиологот и хималајист д-р. Сашко Кедев денес имал уште едно историско искачување откако со група шерпаси и други качувачи од разни делови на светот го освоил врвот Шишапангма, висок 8.027 метри кој се наоѓа во Кина.
Под наслов дигитална археологија, извесен Мајлс од Англија, страствен љубител на камерата, сликал раги меч со панорамска филмска камера произведена во 1830-те години!
Ѓоковиќ е во Кина, каде ќе го напаѓа Мастерс турнирот во Шангај. Во однос на актуелната допинг ситуација со која се соочува Синер, го искритикува системот во кој вели дека се вмешани многу тела и постои неконзистентност. Истовремено го пофали Италијанецот како во една таква тешка ситуација, успеал да игра на високо ниво и да освојува трофеи.
Да не речат после дека таму освен камшикување нема ништо друго. Одбојкарски натпревар во Авганистан. Со пристојна публика која не нарушува јавен ред и мир на карпести трибини.
Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лигата на Македонија ги претстави компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел, како и медиумските покровители.
Синер и Алкараз со почеток од 11:00 часот го стартуваа финалето на АТП 500 турнирот во Пекинг. Шпанецот веќе се измори пред дуелот од потпишување автограми.
Налетавме на видео со навивачка атмосфера од ватерполо натпревар на пристаниште во туристичката атракција Дубровник. Не се работи за некоја моментална фешта. Тоа да ти било со традиција од над 100 години.
Ѓоковиќ се обидел да игра „Real tennis“ или по нашки „вистински тенис“, старт спорт со векови. Им признал дека му е прв пат и ништо не било исто од тенисот во кој е број 1 со 24 Гренд слемови.
Корентан Муте на турнир во Хангжу, Кина го победи Карбалјес Баена. Натпреварот ни донесе егзибициски, храбар и многу ризичен потег. Tотално луда завршница, невидена до сега на мрежа.
Новак Ѓоковиќ и неговиот добар другар Григор Димитров одиграа супер ревијален дуел во Софија. Бугарскиот тенисер победи, а крајната цел беше промоција на фондацијата на Димитров. После спектаклот, двајцата продолжиле во ноќен клуб во Софија каде Ѓоковиќ покажал раскошен талент за пеење, а специјален гостин била пејачката Камелија која го отпеала хитот Луда по тебе.
За време на престојот во родниот Белград каде играше во Дејвис Купот и победи против репрезентацијата на Грција, Новак Ѓоковиќ дал интервју кај познатиот водител Иван Ивановиќ. Раскажува за непријатностите кои го следеа таа фамозна 2022-ра година кога беше главен „светски разбојник“.
Повеќекратниот Формула 1 шампион и неприкосновен лидер во изминатите сезони, Холанѓанецот Макс Ферстапен сезонава иако во моментов е прв, не е на нивото од минатите години.
Олимпискиот шампион од Париз 2024, Новак Ѓоковиќ пристигна во Софија каде го чека егзибициски дуел во Софија како дел од промоција на фондација на бугарскиот тенисер и негов голем пријател Григор Димитров. Натпреварот ќе се игра во „Софија Арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта а салата веќе одамна е распродадена. Новак со голем хит го најави овој спектакл.
Прашање е доста тешко бидејќи годинава ја круниса величествената кариера со златен олимписки медал и тоа на 37 години, но 2011-та пак е нешто посебно, неповторливо и се смета за најдоминантна година во историјата на тенисот. Освои 10 турнири меѓу кои Австралија опен, Вимблдон и УС опен и врза неверојатна серија од 43 меча без пораз.