Разно

Сонот за прошталниот меч на Дел Потро со Ѓоковиќ ќе се исполни

Хуан Мартин дел Потро кој за 10 дена полни 36 години и кој во 2009-та во финалето на УС опен го победи Федерер, сними видео со кое го најавува својот проштален натпревар, кој ќе го одигра во Буенос Аирес на 1 декември. Во видеото се појавува и неговиот пријател кој го покани како гостин.

Ѓоковиќ пред Дејвис Купот: „Дојдете, можеби за последен пат играм во Србија“

Во рамките на тенискиот Дејвис Куп кој веќе активно се игра, Србија утре настапува против Грција. Предводник ќе биде нормално Новак Ѓоковиќ, а дуелите во сабота и недела би можеле да бидат последни на Ноле во неговата татковина.

Реми е уште поголем цар, успеваше и химната да ја испее

Селекцијата на Англија на гостувањето против Република Ирска во Лига на нации во еден момент во строј имаше 12 играчи. Имаа падобранец, јутјубер, на кој кусо му траеше задоволството. Треба да учи од славниот комичар Реми Галард, кој еднаш остана незабележан во таборот на француската одбојкарска репрезентација. Прво ја згрми химната, а потоа се поздрави со противничките играчи. Комедии од лик, на Јутјуб го следат 7,4 луѓе.

Уживај Сабаленка, никој ништо не слушна

Мелбурн 2024-та или кога и тенисерите сакаат да се опуштат.

Најбрзата жена со велосипед која го заобиколи светот за 108 дена

29.169 километри со велосипед за 108 дена, 12 часа и 12 минути. Прва точка Чикаго. Последна точка Чикаго. Ама преку четири континенти по жештини, студови, дождови...

Кај загуби тениски меч за 37 минути, па уште и се клешти на Твитер за дебаклот

Беноа Пер е најголема дилајла во тенисот, поголема и од Ник Кирјос. На домашен турнир во Рен загуби 2:0 од Џејкоб Фирнли и тоа за само 37 минути и заработи 1.200 евра. Пер освои само еден гем, а на свирежите одговори со провокација. Што направи на Твитер после мечот? Си се смее сам на себе црепот.

Луд поен на Алкараз, публиката во Валенсија на нозе

Дејвис Купот започна, ширум светот се игра репрезентативен тенис. Шпанците играат против Чешка, а синоќа Карлос Алкараз го совлада Чехот Мачак кој предаде при 1:1 во сетови откако го доби првиот сет 7:6 во тај-брејк, а вториот го загуби 6:1. Алкараз изведе неверојатен поен кој се кандидира за најубав на сезоната.

Админот на Сабаленка заслужува покачување

По двата триумфа во Мелбурн (2023, 2024), Арина Сабаленка го освои УС опен и стигна до третиот Гренд слем во кариерата. Социјалните мрежи и ги води некое креативно дете.

Како се игра фудбал со слепи на Параолимпијадата во Париз?

Фудбалот Б1 „5-a-side soccer“ или на нашки „мал фудбал“, за разлика од фудбалот на Олимписките игри, на Параолимписките е еден од главните спортови. Главното правило е: Бидете тивки.

Сите меч поени на Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз

Твитерот на Олимпијадата денеска нè потсети на еден свеж и неверојатен тениски успех на челичниот Новак Ѓоковиќ. Да потсетиме, 6 од 6 и тоа без загубен сет, како и требење на двајца шпански асови. Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Кариерата на Енди Мареј во еден поен

Во тек е УС Опен, ама ние налетавме на нешто од Мелбурн и не ни дава срце да не го објавиме. Се работи за тукушто пензионираниот Мареј, генерација лик со Ѓоковиќ кој со оглед на талентот освои премалку. Само 3 Гренд слемови и 6 загубени финалиња од кои 5 на Австралија опен. Реакцијата му е на место. Заслужи пет пати посилни аплаузи и овации за оваа нестварна игра.

Спектакуларна трка на светските и олимписки рекордери во разни дисцплини, Дуплантис и Карстен Вархолм

Во пресрет на Дијамантската лига 2024 во Цирих, во претходно договорена ревијална трка, добрите другари светскиот, европски и олимписки шампион и апсолутен рекордер во скок со стап Арманд Дуплантис и светскиот, европски и олимписки шампион и рекордер во трчање на 400 метри и 400 метри со пречки Карстен Вархолм истрчаа трка на 100 метри за паметење! И верувале или не победи Дуплантис поради што Норвежанецот на крај како што била кладбата морал да облече шведски дрес и да се слика со него.

Едриричар на сезоната

За време на Луј Витон Купот во едрење, член на италијанскиот тим Прада Пирели на отворено море во Барселона се бранел од страшни громови.

Каква ли е таа трка со 11.000 коњски сили?

Топ Фјуел (Top Fuel) или Драг рејсинг е спринтерска трка на кратко растојание со учество на два автомобили. Дистанцата може да биде 402 метри, 804 метри или 1.609 метри. Овој тип трки се популарни најмногу во САД каде државно првенство имало уште од 1950-те години. Трката може да биде меѓу автомобили, моторцикли, катери, електромобили па и трактори.

Поен на Зверев на УС Опен кој ја крена публиката

Александар Зверев изгуби во осминафинале на Отвореното првенство на САД со 3:1 од домашниот тенисер Тејлор Фриц кој во полуфинале ќе игра против сонародникот Франсис Тиафо. Интересно, Зверев го имаше поенот на турнирот.

Бразилска соло мајсторија за почит на Параолимписките игри

Рикардо Алвес познат како Рикардињо го загубил видот на 8 години, а веќе има освоено 3 златни олимписки медали. Погледнете го ова движење со инстинкт на мечот против Франција на Параолимписките игри во Париз.

Најјакиот сервис на Јапонец кој ги збуни САД

За време на дуел меѓу Јапонија и САД во одбојкарската Лига на нации, Јапонецот Кенто Мијаура сервирал страшен сервис со чудна траекторија. Фелш каков што не го бранат ни двајца.

Англискиот на Надал на времето

Не дека и сега му е џам како на Ноле, ама порано повеќе шкрипел. Ем е помлад, ем треба течно да се изрази во камера.

А сте виделе ли нечујни бранови во публика?

Во Париз на Паралимписките Игри 2024 кои почнаа по Олимписките, многу привлечен спорт е фудбалот 5 на 5. Се игра подно Ајфеловата кула и скоро секогаш трибините крцаат. На еден меч гледачите правеле бранови, ама нечујни зошто буката им сметала на играчите на терен.

Тешко тениско безобразие

На натпреварот од Отвореното првенство на САД меѓу Јулија Путинцева и Јасмин Паолини, оваа првава додека губела, во нервоза идиотски се понела со едно девојче задолжено за собирање топки.

Дебакл на Алкараз на УС Опен, Шпанецот декласиран од анонимен Холанѓанец

Ботик ван де Зандшулп од Холандија со 3:0 го згроми едниот од главните фаворити за титула на Отвореното првенство на САД по сетови 6:1, 7:5, 6:4.

Ѓоковиќ и Мекинро vs Агаси и Алкарас

Како увертира на УС опен (26 август - 8 септември), во Њујорк се одигра егзибициски меч со многу забава и со четворица ликови кои тежат 43 гренд слем титули.

УС опен веќе го има поенот број 1

Отвореното првенство во Њујорк стартува на 26 август, но домаќините може слободно да го прогласат овој поен за најдобар, постигнат уште во квалификациите. Магијата е дело на 21 годишниот Макс Касниковски од Полска, инаку 182-ри на АТП и тоа на неговиот деби Гренд слем како професионален тенисер. 

Синсинати без Ѓоковиќ и Алкараз ти е сиромаштија од тенис

За 1 час и 37 минути игра, Јаник Синер го победи Франсес Тиафо со 2-0 (7-4 и 6-2) и го освои мастерс турнирот во Синсинати. Турнирот помина некако незабележително. Има и зошто. Не учествуваа најдобрите. Погледнете ја оваа нивна лавовска битка во финишот од последниот сет минатата година во финале.