Разно

Атомски финални дуели, Франција е олимписки првак во одбојка и ракомет

Каков ден за францускиот спорт! Олимписко злато во ракомет и во одбојка, бронза во женска кошарка. Најсјајни одличја за „триколорите“ на кои во недела наутро може да им се придружат и ракометарките кои играат во финале против Русија.

Освои ново олимписко злато, нејзините во 2016 добиле струја во селото да ја гледаат на телевизија

Можеби најубава приказна од овие Олимписки Игри во Токио е онаа на Фејт Кипјегон од Кенија. Таа со нов рекорд го освои златниот медал во трката на 1.500 метри и го одбрани златото освоено на претходните ЛОИ во Рио.

Исчезнатиот олимписки првак во бездушниот колос Сахара, изгубил 16 кг за 10 денa

Познат под името Marathon des Sables, Песочниот ултра-маратон важи за најтешка трка на Земјината топка. Шест-дневен ултрамаратон кој се одржува еднаш годишно во пустината Сахара, во јужниот дел на Мароко. Овој ултрамаратон важи за пеколно тежок предизвик.

Дојде и тој ден, Доктор Валентино Роси ја завршува кариерата

На прес-конференција во Шпилберг, Австрија, каде ќе се вози следната Мото ГП трка, легендарниот Италијанец објави дека по крајот на актуелнава сезона од која има уште 10 трки, ја завршува својата богата кариера.

Неверојатниот скок на 14-годишна Кинеска која ги запрепасти сите и освои злато

Кинеската тинејџерка Цјан Хонгчан која се натпреварува во скокови во вода, во четвртокот освои златен медал по епски скок во турнирот 10 метри платформа.

Ревија евроголови, бронзен медал за Влатко Андоновски

Женската фудбалска репрезентација на САД која важеше за голем фаворит за златото на Олимпијадата во Токио, на крајот ќе се задоволи со бронзениот медал откако претпладнево ја совладаа Австралија сo 4-3.

13-годишно девојче освои бронза во скејтбординг, лани едвај преживеала

На 4 август во Токио се одигра женскиот турнир во скејтбординг во дисциплината парк. Првите две места им припаднаа на 19-годишната Сакура Јошоцуми (златен медал) и 12-годишната Кокона Хираки (сребрен медал).

Деветто место за Јованоска на Олимписките Игри

Прилепчанката Пуликсенија Јованоска дебитираше на олимпискиот карате турнир, односно во дисциплината кати која за првпат во историјата се придружи на олимписките спортови. 9-то место за нашата претставничка која се обрати до јавноста.

Ја каменувале во Кабул зошто возела велосипед, сега вози на Олимпијада

Без право знаме, химна и грб, на Олимпијадата во Токио не е само Русија (поради суспензија од МОК), туку и олимписката селекција на бегалците. Во Рио 2016 беа 10 спортисти, а сега пораснале на 29 во дури 12 разни спортови.

Молњата од Јамајка до второ злато - прва во историјата со одбранети златни медали

По блесокот на 100 метри кога првото, второто и трето место им припаднаа на спринтерките од Јамајка, и попладнево второ злато освои Илејн Томпсон Хера која леташе со 21.53 секунди и со второ најбрзо време во историјата на оваа дистанца (само Флорет Грифит-Џојнер има побрзо време) стигна до вториот златен медал.

Па како да не ти дадат оцена 0 за таков скок?

Нередовен потег е виден на натпреварите во скокови во вода на Олимписките Игри во Токио. Канаѓанката Памела Вер не се пласираше во финалето во дисциплината 3 метри отскочна даска иако била фаворит.

Првиот крал на спринтот после Болт - Италијанецот со не баш италијанско име и презиме

Апсолутно никој пред големата трка на 100 метри не беше спремен да се клади дека непознатиот Италијанец ќе го освои златниот медал и ќе го наследи големиот Јамајчанец.

Норвежанецот Вархолм брз како ветар - поставен нов светски рекорд

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм го урна личниот светски рекорд во тешката дисциплина 400 метри со препони на Олимписките Игри во Токио и тоа со чудесно време кое тешко некој скоро да го истрча.

Хероина на Олимпијадата: падна на 300 метри до целта, па заврши прва

Сифан Хасан има 28 години. Родена е во Етиопија. Во 2008-ма доаѓа во Холандија како бегалец и почнува да студира за медицинска сестра. Паралелно почнала да се занимава и со атлетика.

Ботас направи карамбол во Унгарија, Окон чудесен победник

Валтери Ботас направи тотален хаос на стартот на трката за Големата награда на Унгарија. Прво удри во Ландо Норис па направи карамбол на Хунгароринг.

Несекојдневна сцена на Олимпијада: двајца лидери поделија злато

Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери освоија златни медали во скок во вис на Олимписките Игри во Токио, што е првпат во историјата на Олимпијада во оваа дисциплина.

А го видовте ли олимпискиот шампион што плетеше во сала?

Додека го гледаше женското финале на скокови во вода во дисциплината 3 метри, и самиот олимписки шампион во скокови во вода, Британецот Том Дејли си плетеше на трибини и стана хит во Токио.

Стојоски со личен рекорд ги заврши Олимписките Игри

Рано утрово уште еден македонски претставник го заврши својот настап на Олимписките Игри во Токио.

Поставен нов олимписки рекорд на 100 метри во женска конкуренција

Илејн Томпсон Хера од Јамајка е новата атлетска хероина, откако на трката во спринт на 100 метри на ЛОИ во Токио блесна со време од 10,61 и заслужено го освои златниот медал и го урна рекордот.

Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

Изненадувањето на игрите во Атланта 1996 со Мухамед Али

Тоа се Олимписките игри кои Македонија ќе ги памети по деби учеството како независна држава, а светот по појавувањето на една од најславните спортски фигури на 20-ти век. Се тресеше поради Паркинсовата болест која му беше дијагностицирана во 84-та, три години во пензионирање, но сепак го запали оганот и го збогати спектаклот.

Нова олимписка дисциплина во сурфање

Може да се вика сурфање на мирни води, бидејќи тука не се потребни бранови. Шампионов заслужува златен медал, плус не прави гужви по мостови бидејќи не ги користи.

Пресврт со помош на презерватив за бронзен и златен медал на Олимпијада

Австралиската репрезентативка во кајак Џесика Фокс може да се пофали како една од ретките на Олимписки Игри кои освоиле четири медали. Но покажа и иновативен начин за заштита на кануто и веслата.

Чек да го видиш Мурињо како слави медал на Португалија

Новиот тренер на Рома Жозе Мурињо паузата од подготовките и тренинзите за новата сезона ја користи да гледа Летни Олимписки Игри во Токио. Многу му се израдува на првиот медал на неговата Португалија.