Разно

Дарот на Новак не доаѓа од овој свет

„Добар ден, јас сум Јелена Генчиќ и ова што ќе ви го кажам сега, сум им го кажала само на родителите на Моника Селеш. Ова дете, ако биде правилно водено со програмата која ја имам за него, на 17 години ќе биде меѓу првите 5 тенисери во свет“.

Како Ѓоковиќ им исполнил ветување на едни камионџии во САД

По неверојатниот и исцрпувувачки меч со Карлос Алкараз со кого на 35+ степени играа скоро четири часа, Новак Ѓоковиќ ја прослави титулата со навивачите на трибините, одржа убав говор но и се сетил на едно ветување што дал.

Шакари Ричардсон стана најбрза жена на планетата

Aмериканката Шакари Ричардсон е новата светска шампионка на 100 метри и тоа со најдобро време во историјата на светските првенства.

Најјаките 4 минути од последниот сет на финалето во Синсинати

Тој што синоќа одлучил да си легне и да не останува до ниедно време за мега дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, нека се посвети на клипов. На 34-35 степени (филс лајк 37), играа атомски тенис до исцрпување за секој поен. Младост и полетност против дрскост и искуство. На 36 години Новак му одигра на Карлос (20) како машина, до крај. Неверојатна борба.

Блесокот на Ноа Лајлс - новиот спринтерски змеј на 100 метри

На најголемиот спектакл на Светското првенство во атлетика 2023 во Будимпешта, златниот медал го освои најголемиот фаворит на трката, Американецот Ноа Лајлс кој истрча 100 метри за 9,83 секунди.

Џентлменски пофалби на Ѓоковиќ за противникот

„Секоја почит за Карлос и неговиот тим. Мислам дека сите останавме без зборови за тоа што го правиш на терен. Ти си неверојатна личност и шампион. Честитки за неверојатна досегашна кариера. Многу играчи не успеваат да ги достигнат тие височини во целата своја кариера. Она што успеа ти да го направиш во последните 2-3 години е неверојатно“.

Маицата искината на парчиња - доказ за пеколната борба

Новак Ѓоковиќ (36) и Карлос Алкараз (20) го одиграа најдобриот тениски меч на годината досега. Чудесниот шпански бисер го освои првиот сет, водеше со 4-2 во вториот и имаше меч топка. Но Ѓоковиќ по проблеми со високите температури во Синсинати, се врати и на крајот славеше 2-1 во сетови. „Еден од најтешките дуели во мојата кариера сигурно“.

Историски триумф на Ѓоковиќ, по голема битка во врелиот Синсинати го совлада Алкараз

Сè што треба да се знае за финалето на Синсинати меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз е дека беше најдолго во историјата на овој Мастерс кој е најстар во историјата и во кој тенис се игра уште од 1882-ра година!

Прекрасната Ивана полета кон злато и стана светски шампион

Српската атлетичарка Ивана Вулета, некогаш позната по презимето Шпановиќ, го забележа најголемиот успех во богатата кариера, откако вечерва на Светското првенство во Будимпешта скокна 7,14 метри, постави нов национален рекорд и го освои златниот медал.

Освоено првото злато на Светското првенство во атлетика

Шпанскиот атлетичар Алваро Мартин може да се пофали како прв освојувач на златен медал во брзо одење на 20 километри на Светското првенство кое денес почна со задоцнување поради обилните дождови.

15 години од златниот олимписки медал на Надал

Летни Олимписки игри во Пекинг 2008. Рафаел Надал против Фернандо Гонзалес. Нема што да бара Чилеанецот против големиот фаворит кој славеше со 3:0. Погледнете го овој супер моќен форхенд.

Поенот на денот во изведба на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ по 19-ти пат по ред го совлада Гаел Монфис и со него има учинок 19-0. Во Синсинати Ноле лесно се справи со Французинот 6:3, 6:2 и сега во 1/4 финале го очекува Американецот Тејлор Фриц. На дуелот со Монфис Ѓоковиќ имаше неколку врвни потези.

Госпоѓо, вие цело време имитирате звук на пчела додека сервирам?

Го имаме најјакото комично парче во тенисот кое се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон на турнирот во Синсинати. Гркот има мака со сервирање, бидејќи некој од зад грб постојано му прави „бззззз“. Пријавува кај судијата, а потоа бара да открие кој е. Се работи за госпоѓа од прв ред, која му призна и му се извини дека нема веќе да го ремети. Еден па ја издаде, покажувајќи ја со прст. Цепки. Инаку Циципас победи 2:0.

Почнува Светско првенство во атлетика - што ќе биде интересно да се гледа?

Од 19-ти до 27-ми август во главниот град на Унгарија Будимпешта ќе се одржи Светско првенство во атлетика, еден од најголемите настани летово заедно со Мундијалот во кошарка и во женски фудбал.

Интелигенција од потег на Карлос Алкараз

Во меч кој траеше околу 3 часа, шпанската атракција го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 7:5, 4:6, 6:3 и обезбеди осминафинале на мастерсот во Синсинати. Потребно е знаење и многу осет за ваков поен во тенисот.

Конор МекГрегор го учи син му да тргне по негови стапки

Некогашната светска ѕвезда во УФЦ, Конор МекГрегор сака да му ги пресади своите боречки вештини на својот 6-годишен син со кого редовно вежба разни движења.

Ретко видена сцена во тенисот меѓу Надал и Ѓоковиќ

Се случи на денешен ден пред 10 години во Монтреал и толку е ретка што ни се чини дека ја гледаме еднаш на 10 години, па и поретко. А кога сме кај тенисот, се ближи УС опен на 28 август. Бранител е Карлос Алкараз.

Долг тениски поен донесе чудна дебата на сред терен

Милош Раониќ, познатиот канадски тенисер со потекло од регионов, на времето беше меѓу топ 10 на светот. Играше многу Гренд слемови и познати турнири. Потоа паузираше две години и сега се врати на терените откако добил покана за настап на Мастерсот во Торонто. А таму го снашла чудна епизода.

Франсис Нгану - најсилниот удар на свет, јак 96 коњски сили

Франсис Нгану, фамозниот УФЦ борец го има најсилниот удар во светот на боречките спортови. Иако тој веќе три години никој не победил со нокаут, сепак рекордот го држи околу шест години. Не му го урнал ниту најсилниот удирач на светот во 2017-та.

Ѓоковиќ кај Владо Георгиев во свадбарско расположение

Новак Ѓоковиќ и посебно Никола Јокиќ се пример за тоа како се живее на лето после напорна сезона. Истура дожд, а тој е на нозе и мавта со јакната.

Јутјуберот Џејк Пол го совлада Нејт Дијаз

Во борбата која долго време се очекуваше, пред неколку десетина илјади гледачи во Далас, Џејк Пол кој почнал како блогер и јутјубер пред да влезе во рингот и стане боксер, го совлада познатиот УФЦ борец Дијаз.

Нов циркус на Гаел Монфис, го изнасмеа и ривалот

По шоуто кое го правеше во претходните рунди, Гаел Монфис продолжи со циркус и на мечот со ексцентричниот Александар Бублик. Францускиот тенисер откако земал брејк во вториот сет, решил да игра само на свој сервис и лесно ги пропуштал сервисите на противникот. Добил и опомена за таквиот ноншалантен однос.

Егзотика на Универзијада - 100 метри за 22 секунди

Во кинескиот град Ченгду стартуваше ХХХI Летна Универзијада. Овој турнир неколку пати беше одложуван поради пандемијата во 2022 и на почетокот на 2023-та а сега се одвива најнормално. Со една занимлива епизода: атлетичарката Насро Абукар Али од Сомалија се пријавила на трката 100 метри иако на патеката не делувало дека е атлетичарка.

Махериште на колото кој за летово се обезбеди со 6,3 милиони денари

Не се мачите ни да ги читате ни да ги броите, 19 комада фатил и ги уплатил два пати за вкупна нето исплата од околу 103.000 евра.