Интересно букмејкерите и прогнозерите веќе ги поставуваат коефицентите за победник на боксерски меч меѓу Конор Мекгрегор и Пол Логан, а Ирецот веќе и потврдил сè:
„Јас начелно се договорив со семејството Амбани за борба со Логан Пол на фестивалот на боксот во Индија. После тоа ќе се вратам во октагонот“.
Најбогатиот човек на Индија е спремен да плати околу 500 милиони долари за овој дуел. Ориентационен датум е лето, јули-август а борбата би се одиграла на големиот Wankhede стадион во Мумбаи кој собира 33.000 гледачи.
Кој ќе спонзорира сè и зошто воопшто Индија?
Мукеш Амбани е познат индиски магнат, бизнисмен кој се смета за најбогатиот Индиец на светот со богатство проценето според Форбс на 83,4 милијарди години. Според податоците на Барклајс Хурун Индија, општата состојба на целото семејство Амбани изнесува околу 385,5 милијарди долари!
Во семеен бизнис тие имаат технологија, енергетика, градежна индустрија, фармација, недвижности и уште многу нешта.
Мукеш Амбани платил за тридневна свадба на син му Антанта повеќе од 600 милиони долари. Меѓу гостите биле Ким и Хлое Кардашијан, Џон Син, Пријанка Чопра и уште многу познати гости.
500 милиони долари за Мекгрегор и Пол Логан, велат тамошните медиуми се скромна сума за Мукеш Амбани.
Индија би можела да стане нов перспективен пазар за боксерски настани или ММА борби, по примерот на Саудијска Арабија во која сега се одржуваат најголемите светски боречки настани. Во јануари 2024-та УФЦ отвори на социјалните мрежи и акаунт УФЦ Индија како евентуална најава за влез на азискиот пазар. А кечерите од WWE веќе одржуваат шоуа по Индија.
КОЈ Е ПОЛ ЛОГАН?
На времето пред неколку години блогерот и постариот од браќата Логан, Џејк настапуваше во WWE. Потоа се префрли во бокс и боксуваше неколку борби.
Пол Логан исто така тргнал како блогер а се прослави по борбата во осум рунди со некогашниот светски шампион Флојд Мејведер. Логан достојно и пристојно ги издржа сите рунди а после борбата неговиот брат Џејк напиша дека сега рекордот на Мејведер е 50-1. И самиот Флојд го пофали Логан: „Тој е подобар отколку што мислев“, рекол Флојд.
Борбата заврши нерешено.
ЗОШТО КОНОР ЌЕ БОКСУВА СО ПОЛ ЛОГАН А НЕ СО ЏЕЈК?
Џејк е поактивен во боксот и неодамна боксуваше со Мајк Тајсон во светски гледана борба. Конор Мекгрегор е врзан со договор за УФЦ којшто му забранува да учествува во други настани но веќе во 2017-та првиот човек на УФЦ, Дана Вајт активно организираше борба меѓу Конор и Флојд Мејведер.
Конор не се борел уште од тешкиот пораз од Дастин Порие на УФЦ 264 во 2021-ва година. Се очекуваше да се врати во октагонот во 2024-та но се откажа од настап на УФЦ 303 поради повреда на неколку недели од стартот.