Денот кога ќе треба да се пополни празнината во тимот на Ред Бул со седиште во Милтон Кејнс како да се наближува. Затоа од гигантот за производство на енергетски пијалоци се фокусирани на своите млади таленти од сопствената академија и за нивниот развој се додека не стигнат до Големиот циркус наречен Формула 1.
Хелмут Марко, советник во Ф1 тимот на Ред Бул и еден од најбудните по ова прашање, човек кој меѓу првите го препознал талентот на чудесниот Макс Ферстапен, веќе има на ум едно име: Арвид Линдблад.
Седум од дваесет млади возачи во академијата на Ред Бул кој во автобомилизмот има школа како Барса со Ла Масија во фудбал.
Од австриската компанија излегуваат се подобри и подобри пилоти. Минатите денови бил комплетиран Б тимот на Ред Бул со двајца од овие бисери: Лијам Лосон и Исак Хаџар.
Во категориите кои и претходат на Ф1 се калеа и се калат неколку таленти од фабриката за пилоти во Милтон Кејс: Ферстапен, Лосон, Цунода, Хаџар, Саинц, Албон, Гасли и Духан. Австралиецот е единствен кој никогаш не возел ниту со еден друг инструктор. Ова е факт којшто покажува дека Ред Бул има најдобра структура за формирање на пилоти.
Секако, не можат сите да го издржат притисокот кој го носи Ред Бул и на крајот емигрираат во помали тимови и ретко кој од нив стигнува до првиот болид на тимот.
НАЈСВЕТЛИОТ БИСЕР
Младите пилоти од разни тимови се повеќе влегуваат во највисока категорија, па дури и актуелниот повеќекратен Ф1 шампион почна да се истакнува на мошне рана возраст.
Ред Бул се истакнува по тоа што создаде неколку ѕвезди од рана возраст, а советникот во тимот Марко веќе фрлил око на оној кој би можел да биде идна Ф1 сензација:
„Не бараме нов Макс Ферстапен, туку бараме нов шампион. И мислам дека следниот кој изгледа навистина ветувачки е Арвид Лидблад.
Ова сигурно нема да им се допадне на останатите млади таленти во тимот, дури и на оние кои веќе се во Големиот патувачки циркус, но очигледно советникот во Ред Бул има слабост на новото чудо од пилот.
ARVID LINDBLAD, EL NUEVO MAX VERSTAPPEN ❓
— Leclerc Sabalero (@leclercsabalero) December 23, 2024
Al menos eso declaro Helmut Marko hace unos días, que estaban buscando para su escudería el nuevo Max, y que su apuesta está en este chico, pero
Quién es Arvid?
Es un piloto británico que nació el 8 de Agosto de 2007, perteneciente… pic.twitter.com/HAkvxB5E51
Арвин Линдблад има 17 години и рано е да се размислува за моментално прекомандување, но веќе сериозно почнува да го прави она што би можел да го прави и во иднина, во највисока конкуренција.
„Имаме посебен програм за него, го праѓаме на Нов Зеланд во тек на зима и целта е да стекне што повеќе потребни бодови за својата суперлиценца“, вели Австриецот Марко.
Апсолутно секому е јасно дека пилот со талентот на Макс тешко е да се најде, но овој млад талент веќе покажува некои карактеристики кои потсеќаат на најголемите шампиони: „Она што го прави единствен е неговата чиста брзина. Во една од трките во Формула 3 претекнал, не сум сигурен, десет или четиринаесет возачи во еден круг!“, прокоментирал Марко зошто го смета Арвин за следна голема ѕвезда на Циркусот.