Претходнава година беше добра за спортот, збогатена со Олимписките Игри во Париз а имаше неверојатни подвизи, неочекувани сензации, светски рекорди, медали, радост и тага.
На страна од фудбалот и кошарката, останатиот спорт понуди и тоа како интересни мали спортски чуда: како на пример сознанието дека една олимпијка се натпреваруваше и победи пред да дознае дека била бремена 7-ми месец.
Одиме со ред:
1. БУМ! ТРАНСФЕРОТ НА ВЕКОТ НА ХАМИЛТОН ВО Ф1Седумкратниот светски шампион во Формула1, Луис Хамилтон (39), после цели 11 години и дури шест од вкупно седум шампионски титули освоени со германскиот гигант Мерцедес, отворено објави дека го напушта тимот и се сели во нивниот најголем ривал и голем конкурент - Ферари.
Хамилтон одамна самиот на себе си ветил дека еден ден сака да седне во болидот на „Скудерија Ферари“.
Ова беше бум и најголема вест не само во Формула 1 каде собра поголемо внимание дури и од шампионската трка на Ферстапен кој освои нова титула.
Во февруари месец силно одека веста дека Хамилтон ќе оди во Ферари како замена за Карлос Саинз и ќе вози заедно со Шарл Леклер.
Чудно ќе биде да се гледа Хамилтон во црвениот комбилизон на „коњчето“.
2. АРМАНД ДУПЛАНТИС - НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ РЕКОРДЕРОна што е Лионел Меси во фудбал, Никола Јокиќ во кошарка, Новак Ѓоковиќ во тенис, тоа е Швеѓанецот Арманд Дуплантис во скокови во вис.
Дуплантис и во 2024-та продолжи да ги поместува границите. Повторно, по којзнае кој пат урна светски рекорд и тоа негов личен и постави нов.
Дуплантис и на Олимписките Игри во Париз скокона преку 6,25 метри за ново злато и за влез во олимпијската вечност.
Интересно е што на ЛОИ 2024 во Париз сите негови ривали веќе завршија со своите скокови и буквално го чекаа скокот на шампионот, па дури и некои навиваа за него очекувајќи нов чудесен подвиг. И дочекаа.
3. ИМАН КЕЛИФ - ЗА НЕКОИ БЕШЕ „ТОЈ“, ЗА НЕКОИ „ТАА“Колкава прашина само крена оваа/овој/алжирски/алжирска/боксер/боксерка. Од анонимна олимпијка до светска шокантна вест.
Иман Келиф ги победуваште ривалките во рингот како кегли на куглање а надвор од рингот имаше илјадници вести за тоа дека наводно не е женско туку дека е машко претворено во женско.
Ураган притисоци имаше Светската боксерска федерација но и луѓето од МОК затоа што имаше многу контрактдикторности во однос на нејзиниот пол, па така некои не ја пуштаа во женскиот бокс но на Олимписки Игри доби дозвола за настап и стигна до златото.
Во Ачжир ја пречекаа многу сонародници на аеродром но и натаму во светот продолжија шпекулации за нејзиниот пол.
4. БИЛ БЕЛИЧИК - КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ДОЛГА 24 ГОДИНИ
На почетокот на годината 2024 од НФЛ (американски фудбал) стигна вест дека Бил Биличик, големата ѕвезда на овој спорт во САД не добил нов договор од Њу Ингланд Патриотс.
Според некои информации Беличик самиот не сакал да го продолжи истиот и после цели 24 години во кариера, мирно и пријателски замина од НФЛ клубот којшто со него како тренер испиша историја во американскиот фудбал и општо во спортот во САД.
Бил Беличик како ретко кој друг тренер така успешно водел само еден тим. Беличик е инаку потомок на хрватско иселеничко семејство, роден во 1952-ра во Нешвил (САД).
Беличик освои дури шест шампионски титули со својот сега веќе поранешен клуб. Се разделиле најнормално.
5. ПРВ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА ТИМ НА БЕГАЛЦИ
Олимписките Игри во Париз ќе се паметат по многу нешта, но и по првиот историски медал за тимот на бегалци благодарение на камерунската боксерка Синди Нгамби (26) која освои бронза.
Никогаш претходно спортистите раселени од своите матични земји, кои формирале тим во 2016-та година не успеале да освојат медал. Имено Нгамби е непожелна во својата земја Камерун поради тоа што таму истополните врски се строго забранети, а таа се декларира како лезбејка.
Синди во Париз беше знаменосец на својата селекција на бегалци.
„Сакам да им порачам на сите бегалци ширум светот да бидат упорни, да работат на себе напорно, да се туркаат себе до крајни граници и тогаш се е можно“, рекла Нгамба откако освоила бронзен медал.
6. ТРКАТА НА ЖИВОТ НА НОА ЛАЈЛСЦели две децении САД го чекаа златото во најатрактивната спринтерска дисциплина. Последен пат тоа им го донесе Џастин Гетли во 2004-та година и цели 20 години сонуваа злато.
Изминатото лето во Париз тоа им го донесе Ноа Лајлс, најдобриот спринтер на денешницата којшто беше најбрз во финалната трка на 100 метри и буквално за педа заврши пред Кишен Томпсон од Јамајка (поточно пет илјадатинки секунди побрзо).
Ова беше една од најспектакуларните трки на 100 метри кај мажите спринтери.
7. КЕТИ ЛЕДЕКИВо годината која што ја испраќаме, американската пливачка Кети Ледеки (27) ја потврди репутацијата на најбрза жена која некогаш влегла во базен да плива. Ледеки стана најтрофејната американска олимпијка со страшни девет златни медали на Олимписки Игри!
На својата богата збирка признанија, награди, пехари и медали им ги придодаде и осмото и деветтото злато освоени во Париз, а има вкупно 14 златни одличја со што е најтрофејна пливачка на сите времиња. Многу подалеку е од сета своја конкуренција на вечната листа.
Во Париз на Олимписките Игри Кети Ледеки освои две златни медали во дисциплините на 800 и 1.500 метри слободен стил. Таа на двете победнички трки постави и нови светски рекорди.
Со 27 години дури 16 пати уривала светски рекорди а дури 37 пати на државно ниво во САД.
Најдобрата пливачка на сите времиња - Кети Ледеки.
8. ЕГИПЌАНКАТА КОЈА ТРУДНА НАСТАПИ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Случајот на Нада Хафез од Египет која настапи на турнирот во мечување на Олимписките Игри во Париз летото, е единствен во светот на спортот.
Оваа храбра и спремна девојка, борец од глава до пети, страствен љубител на мечувањето, настапи во 1/16 финале и се бореше против Корејката Јеон Ха-Јунг иако подоцна ги известила јавноста и организаторите на ЛОИ дека е бремена седми месец.
„Она што ви се чини како две лица се всушност три! Тука сме јас, мојата противничка и моето бебе кое само што не стигнало на свет! Бременоста е тешка сама по себе, но потребата за натпреварување со цел да се одржи рамнотежа меѓу животот и спортот беше напорна. Но се исплатеше“, изјави Хафез после борбата и го запрепасти светот.
Овие Олимписки Игри во Париз и биле трети во кариерата по настапите во Рио и Токио.
9. ЧУДОТО ОД СЛОВЕНИЈА НА ДВЕ ТРКАЛА
Тадеј Погачар (26) е најдобриот светски велосипедист. Словенецот имаше најдобра и најуспешна сезона за еден велосипедист во историјата на овој спорт.
Словенецот, роден во селото Коменде стана само трет бициклист во историјата кој во иста година стана шампион на Џиро Д'Италија, на Тур д'Франс и освои светска шампионска титула на трката возена во Цирих. Откако ги комплетираше трите пехари, ја доби маицата која ја носат само вечни шампиони.
Погачар во 2024-та славеше и на престижната еднодневна трка низ Ломбардија а тоа му беше четврта по ред на ова место во кариерата.
Една од причините зошто Погачар веќе е влезен во вечноста на овој спорт е и поради начинот на кој тој вози, диктира ритам и ги остава ривалите да го чекаат секој негов следен потег.
Тадеј има неверојатна енергија а чудо направи во Швајцарија кога на еднодневната трка за светски првак, тргна во напад од пелотон на 100 километри пред крајот и помина јуришно низ групата ривали кои едвај педалираа, а потоа соло, без никој зад себе на 50 километри пред крајот, мирно стигна до целта.
„Беше тоа глуп напад“, рекол Тадеј после трката и освоената шампионска титула но се испостави дека оваа луда тактика му помогна да го сочува првото место.
Тадеј Погачар е трикратен победник на Тур Д'Франс.
10. ФРАНЦУСКИОТ ПЛИВАЧКИ ЛАВ
Франција на крајот од јули и почетокот на август за време на Олимписките Игри во Париз навиваше најмногу за еден човек од кого немаше поважен во земјата тие денови - Леон Маршан (22).
Пливачот од Франција стана прва ѕвезда на Игрите во тој период. Во само неколку дена освои дури ЧЕТИРИ олимписки злата, урна ЧЕТИРИ олимписки рекорди, стана прв пливач од Франција со златен олимписки медал во базен, беше најтрофеен поединец во Париз и втор по вкупниот број освоени медали на Олимписките Игри.
„Се наежив на подиумот, бев горд што сум Французин“, рекол Леон Маршан по освоената прва од четири златни медали во Париз. Го одликувал дури и францускиот претседател.