Разно

Се појави нова дисциплина во атлетика

Се вика вака: 10 пива на 100 метри. Кој сака нека проба. Со останатите се гледаме во кафана.

Тргнал цреп да прави селфи среде Тур де Франс

Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.

Синот и сопругата на Ноле му честитаа на Алкараз

Новиот крал на Вимблдон, младиот Шпанец Карлос Алкараз по триумфот над големиот Новак Ѓоковиќ, доби честитки и од семејството на Ноле, од синот Стефан и сопругата Јелена. Ова е втора Гренд слем титула за Алкараз во кариерата.

Сонот на Алкараз на 12 години

Малиот Карлитос сега има 20 години и 2 Гренд слем пехари на свое конто. Шпанскиот ас во големото финале го собори кралот на Вимблдон Новак Ѓоковиќ и славеше со 3:2 во сетови. Светската јавност во него гледа иден доминантен тенисер кој ќе си собере сите трофеи. Во моментов е број 1 на ранг листата.

Киксот за кој викаат дека го реши финалето

Новак Ѓоковиќ фуриозно го доби првиот сет од големото финале на Вимблдон против Шпанецот Карлос Алкараз со 6:1. Српскиот тенисер пропушти неколку брејк прилики а најголема му беше онаа на стартот на петтиот сет кога водеше 1:0 и при неколку размени беше на прагот од високи 2:0 во решавачкиот сет. Но неговиот форхенд волеј заврши во мрежата и тоа како да го окуражи Алкараз до крајот да го реши мечот.

Како светската тениска сензација Алкараз стана нов владетел на Вимблдон

Во последните години сите млади играчи кои претендираа на големи трофи, мораше да поминат важна етапа од својот развој, да се борат со неприкосновениот Новак Ѓоковиќ. Низ такви фази поминаа Данил Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Матео Беретини. Речиси сите губеа големи финалиња од Ѓоковиќ, а единствен од новата генерација кој може со Новак на секоја подлога е младиот Шпанец Алкараз.

Необична судиска одлука на мечот Ѓоковиќ - Синер

Во моментов Србинот и Италијанецот играат во полуфинале на Вимблдон. Новак го доби првиот сет 6-3, а во вториот сет при еден извик на Ѓоковиќ по вратена топка, судијата постапил по правилото хиндранс кое вели дека крикот му засметал на противникот.

Рекорд за Гинис: Најдолгиот поен во историјата на бадминтон

Во натпревар во двојки меѓу Пирли Тан/Тина Муралитаран од Малезија и Мијаура/Сакурамото од Јапонија се одиграл најдолгиот поен во историјата на женскиот бадминтон. Најинтересно е што не удираат само лоб удари туку и силни смечеви.

Вика Азаренка за Новак

Некогашната најдобра светска тенисерка, Белорусинката Викторија Азаренка која играше одличен тенис на Вимблдон летово и стигна до четвртфинале, во подкастот „Ап фронт“ раскажува за разликата меѓу Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Се спрема страшна борба Фјури - Нгану, што е познато до сега?

Поранешниот хегемон во УФЦ, страшниот Френсис Нгану и актуелниот светски боксерски шампион во WBC верзија Тајсон Фјури на 28-ми октомври ќе боксуваат во Саудиска Арабија. Потврда за договорот стигна и од двата тима.

Волкановски: „Татко ми е Македонец, мајка ми Гркинка“

Конор МекГрегор со едно типично негово иритантно прашање: „Да не е Волкановски Полјак“ како алузија на малку познатите детали за потеклото за Александар, мотивирал неколку луѓе да го прашаат Алекс од каде е?

Ретко кој го знае анонимниот Роман кој ќе игра 1/4 финале на Вимблдон

По женската сензација, 16-годишната Мира Андреева, во машка категорија уште еден анонимен тенисер стигна далеку и денес игра во големо четвртфинале со шанса за историско полуфинале. Се вика Роман Сафиулин.

Кастер Семења доби спор пред Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права во вторникот донел пресуда во корист на двократната олимписка шампионка Кастер Семења од Јужна Африка која што упати жалба за правилата на Светската атлетика (WA) во тоа време Меѓународна атлетска федерација (IAAF).

Е уште ова не се видело

На најпознатата светска трка човек може да види секакви маскирани циркузанти кои прават шоу. Ама ова што му текнало на некој лик е досега невидено. Се облекол исто како натпреварувачите, па и во фамозната жолта маичка, земал велосипед и оддеднаш еден багер го крева од сред трка покрај бали од сено.

Патот на Иванишевиќ до врвот на Вимблдон

Патот е изклучително тежок и мачен, бидејќи ги губи првите три финалиња: 92-ра од Агаси, па 94-та и 98-ма од Сампрас. Во 2001-ва со неполни 30 години, како 125-ти на АТП, станува прв тенисер кој го освоил Вимблдон со вајлд карта. Успех кој се смета за еден од најголемите во хрватскиот спорт. Противник му е Австралиецот Патрик Рафтер. Го добива во тај брејк со 3:2 во сетови, откако клекна да се моли кога ја доби четвртата меч топка.

Не се закачај со Новак во тај брејк

При резултат 6:6 во првиот сет, Ѓоковиќ губеше 6:3 во тај брејк, а тоа значеше дека на Хуркач му треба поен за водство од 1:0 во сетови. Но тогаш се вклучи сијаличката на Србинот кој му зема 5 поени по ред за неверојатен пресврт од 8:3 со што постави нов рекорд од освоени 14 тај брејкови во низа на Гренд слем турнирите. Рекордот го држеше Пит Сампрас од 1994-та.

Јокиќ на рафтинг поздравен од сите присутни во реката

Најдобриот кошаркар на големото НБА финале и добитник на МВП наградата Никола Јокиќ како и во 2022-ра така и летово дел од одморот го поминува на рафтинг на Тара. Таму присутните го забележале гигантот па неизбежно било скандирање во негова чест.

Вика Азаренка ни крива ни должна исвиркана од публиката на Вимблдон

Украинските спортисти, во прв ред тенисерите и тенисерките од оваа земја имаат директива од матичните сојузи да не се ракуваат со ривали од Русија и Белорусија на кој било турнир и да играат ширум светот. Така беше и синоќа кога после три часа дуел со Белорусинката Викторија Азаренка на крајот Украинката Свитолина која победи, одби да ѝ пружи рака.

Која е чудесната Русинка која со 16 години стана сензација на Вимблдон?

Тенисот во земјите од поранешниот Советски сојуз секогаш давал сјајни таленти па така и годиниве на највисоките позиции и во женска и во машка категорија се атлети од овие земји. Сега главен хит на Вимблдон е 16-годишната Мира Андреева од Русија.

Рубљов го има поенот број 1 на Вимблдон, Бублик се скамени

Андреј Рубљов е четвртфиналист на Вимблдон, откако во драматична и неизвесна битка го доби Александар Бублик со 3:2. Русинот водеше 2:0 во сетови, но Бублик успеа да се врати и тоа после тај брејк во третиот и четвртиот сет. А сега погледнете на каков начин Рубљов се избори за меч топка по која го обезбеди триумфот. Без зборови го остави и противникот и коментаторот. Неверојатно.

Голем триумф на Александар Волкановски, остана крал во својата категорија

Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски по петти пат во својата богата кариера го одбрани шампионскиот појас на еден УФЦ настан и докажа дека крал во својата перо категорија.

Иванишевиќ: Новак е генијалец со специјален софтвер во главата

„Јас веќе не знам колку рекорди има остварено. Во овие четири години со него доживеав сè и сешто. Од дисквалификација, затвор, успони, падови, разни натписи, до шест Гренд слем титули. Три филмови можам да напишам. Тој размислува поинаку и е роден победник. На 3 години зборувал дека ќе биде најдобар. Може многу да се научи од него. Посебен е и најмнпгу што ми се допаѓа е што се држи до своите ставови. Дека е лесен, не е лесен. Неверојатен лик“.

Волкановски има шанса да го потврди статусот најдобар во историјата

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски до сега во УФЦ кариерата има 25 победи и само 2 порази. Претстојниов викенд ќе има можност да го потврди статусот најдобар „перо“ УФЦ борец во историјата.