Диего Форлан играл во дубл со неговиот пријател Федерико Чориа а изгубиле од познатиот дубл тандем Борис Ариас и Федерико Зебаљос од Боливиа.
Боливискиот пар славел убедливо за само 47 минути игра. Сервирале со 85% успешност на прв сет и глатко ги добиле ривалите.
Diego Forlan at the net! 💯#ATPChallenger | @DiegoForlan7 pic.twitter.com/p24PQgTVxJ
— ATP Challenger Tour (@ATPChallenger) November 14, 2024
Диего Форлан беше прославен уругвајски центарфор. Во 2002-ра година дојде од аргентински Индепендиенте во Манчестер Јунајтед и беше дел од тимот предводен од големито Сер Алекс Фергусон кој во 2003-та освои шампионска титула во Премиер лига и во 2004-та освои ФА Куп.
Во дресот на Манчестер Јунајтед Форлан имаше 98 настапи на кои постигна 17 гола. После отиде во шпанските Виљареал и Атлетико Мадрид каде растураше од голови. Кариерата го однесе во Интер пред да привршува во Бразил, Јапонија, Уругвај, Индија и Хонг Конг.
За својата репрезентација Форлан постигна 36 гола на 112 настапи а се прослави на Светското првенство 2010 кога беше најдобар стрелец на Мундијалот а Уругвај освои бронзен медал. Во 2011-та ја освои Копа Америка.
Со тенис за кој уште на времето изјавуваше дека му е најомилен спорт, се занимава уште од 2019-та кога ги закачи копачките на клин.