Разно

Каква е бе оваа борба?

Видеото е од Романија и толку, друго ништо не ни е јасно.

Потресната исповед на алпинистот Здравко Дејановиќ

Еден од најдобрите македонски и европски хималаисти, Здравко Дејановиќ раскажа на својот Фејсбук профил што се случувало при неговото искачување на страшниот врв Лотце (8.516 метри надморска висина) во Непал. Дејановиќ има повеќе врвови над 8.000 метри.

Ама ќе ги испокарате луѓето со тоа вештачката интелигенција

Бељата не е само во тоа што може да си игра човек со гласовите, туку и цели видеа можеа да се склопуваат. Погледнете што му текнало на некој после елиминацијата на Рафаел Надал на Роланд Гарос во прво коло од Ѕверев.

Само во женски тенис има такви падови

Добро, не дека нема и кај мажите, ама ова е редовна појава кај тенисерките. Пазете ова: на турнирот во Рабат, во Мароко, во четвртиналето кај жените, Италијанката Лучиа Бронѕети при резулат 1-1 во сетови против Американката Пејтон Стирнс, во третиот сет имала водство 0-5 и 30-40 на свој гем. И изгубила 7-5.

Непалецот што 30 пати го качил Монт Еверест за светски рекорд

Непалскиот алпинист Ками Рита постави светски рекорд во број на искачувања на највисокиот врв на светот Монт Еверест кој го искачил абнормални 30 пати! Рита го држи рекордот од 2018-та и никој не му е ни близу.

Што к’смет ќе имаше да налета на муаи-таи шампион

Случаен лик во налет на курч му крева нос на долгогодишниот светски шампион во боречката вештина Муаи Таи, подоцна и кикбоксер и ММА борец, Американецот Џо Шилинг (40). Немал ксмет.

Страшен контра удар на Ѓоковиќ, АТП победа број 1.100 и прослава со роденденска торта

По елиминацијата во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да учествува на турнирот на земја во Женева, како загревање пред Роланд Гарос. Го совлада Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:3 и обезбеди четвртфинале, а по триумфот организаторите му го одбележа 37-от роденден со торта. Го имаме и поенот на мечот кој се случи во последниот гем од средбата. Ова му е победа број 1.100 на АТП турнирите. Пред него се само Роже Федерер со 1.251 и Џими Конорс со 1.274.

Усик го разби Тајсон Фјури и стана прв апсолутен шампион во XXI век

Со поделени одлуки на судиите, во „Кралска Арена“ во Ријад, Саудијска Арабија пред речиси 30.000 гледачи, Украинецот Александар Усик го совлада до синоќа неприкосновениот шампион Тајсон Фјури од Велика Британија.

Натрапник прекина меч на Мастерсот во Рим

Дуелот меѓу Сорана Кирстеа и Медисон Кис кој убедливо го доби Американката со 6:2, 6:1, накратко бил прекинат откако гледач влегол на сред терен па реагирало обезбедувањето и го исфрлило.

Како Ѓоковиќ потпишува автограми откако го удрија со шише?

Најдобриот светски тенисер има недела за заборав откако изгуби во 3. коло од Мастерсот во Рим каде претрпе пораз од анонимен 32-годишен Чилеанец Алехандро Табиљо и тоа убедливо со 6:2, 6:3. Претходно го удрија со флаша по глава па се држеше на земја.

Што ја чека сега ракометна Македонија?

Со огромна поддршка од трибините кои секогаш веруваат во македонските ракометари дури и кога сè изгледа безнадежно, селекцијата на Кире Лазаров ја надомести негативата од седум гола од првиот натпревар во Торшавн, и во Скопје прослави пласман на Светско првенство следната година.

Убав муабет меѓу Ѓоковиќ и Белингам

Новак Ѓоковиќ и најдобриот играч на шампионот Реал Мадрид сезонава, Џуд Белингам се сретнале на свечената церемонија на која Новак ја добил наградата Лауреус за најдобар спортист на годината. Си поразговарале околу фудбалот и Реал.

Мадрид во солзи, Надал им кажа збогум

Рафаел Надал не успеа да се избори за четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, а тоа значи дека за последен пат настапува во својата татковина.

Голем си Рафа

Педро Качин е аргентински тенисер. Има 29 години и не е нешто многу помлад од Рафаел Надал кој има 37 и е на залез на кариерата. Но тоа не беше причина Аргентинецот после мечот кој Надал го доби 6-1, 6-7, 6-3 чесно да му побара некој сувенир за спомен зошто му е идол. Рафа му подари маичка.

Прекината руската химна во Белград, публиката помогна да се допее

Србија беше домаќин на Европското првенство во бокс за аматери на кое настапија 401 натпреварувач (263 мажи и 138 жени) од 33 земји. Русија и Србија освоија по вкупно 20 медали, но Русите се први со 11 златни. Јулија Чумгалакова се најде во непријатна ситуација.

Рускиот тенисер Медведев до судијата за илуминатите

Дваесет и осум годишниот руски тенисер Данил Медведев е тотално непредвидлива глава. Кога губи знае да се скара со секого и секаде.

Поен по кој ќе ја засакате одбојката

Перуџа и Монца играат финале и се борат за Скудето. Тоа е сè што треба да знаете пред да ја погледнете оваа борба и игра на нерви.

Се случи најдолгиот скок некогаш виден во историјата од 291 метар

Заборавете малку на Петер Превц и Штефан Крафт и погледнете го ова мега задоволство кое си го приушти Рујоу Кобајаши. Што стори бе човек?

Марсел Хиршер се враќа на снегот, ќе скија за друга земја

Триесет и шест годишниот Марсел Хиршер, осумкратен светски скијачки шампион, во 2019-та година ја прекина кариерата, а сега решил да се врати на патеките но ќе скија под холандско знаме. „Во чест на мајка ми која е Холанѓанка“, рекол Хиршер. Правилникот на светската скијачка федерација дозволува до 1. јули секој скијач да може да смени земја под чија закрила би се натпреварувал.

Маратонец на сезоната: пиел вино на 42-километарски маратон

Учесник на маратонот во Лондон застанал многу пати за да цугне различно вино. Сево ова од хумани причини за успешна хуманитарна акција, а на крај вика дека бил трезен.

Нов, осми рекорден скок на Швеѓанецот Дуплантис

Шведскиот феномен Арман Дуплантис го подобри својот досегашен светски рекорд во скок со стап за уште еден цел сантиметар, откако скокнал 6,24 на првиот овосезонски митинг на Дијамантската лига во Кина. 24-годишниот Дуплантис е актуелен олимписки победник и двократен светски шампион. Во 2020-та тој го презеде светскиот рекорд од Французинот Рено Лавиление.

Нова акција на Спорт лајф: Кој е твојот среќен тип?

Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар.