Тениската анти-допинг агенција ИТИА во четвртокот соопшти:
- Ига Швјонтек била тестирана на допинг на 12. август;
- Во нејзината анализа пронашле триметазидин. На 12-ти септември била суспендирана и пропуштила три турнири;
- Полската тенисерка тврдела дека забранетиот препарат случајно се нашол во нејзиниот организам;
- Швјонтек доби дисквалификација, суспензија на 1 месец а со оглед на тоа што суспензијата се смета за моментот од објавување на казната, таа може да се врати на терените на 4. декември.
Нејзината суспензија не била јавно објавена а нејзиното отсуство долго време беше криено под изговор „проблеми од лична природа и тренерска смена“. Провизорно била суспендирана од 12-ти септември а провизорната суспензија и истекла на 4-ти октомври кога се врати ан терените и играше на ВТА финалињата.
Сега треба да отслужи уште седум дена од казната која завршува на 4-ти декември.
ШВЈОНТЕК ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ЗА РАЗЛИКА ОД СИНЕР КАЈ КОГО ИСТО БЕА ПРОНАЈДЕНИ НЕДОЗВОЛЕНИ СРЕДСТВА
Ига Швјонтек, со години најдобрата тенисерка на светот и актуелен број 2 на светската ранг листа позитивен тест имала во вон-натпреварувачки период, пред стартот на турнирот во Синсинати на кој стигна до полуфинале.
Набрзо после тоа таа стигна до 4-от круг на УС Опен.
Веќе после УС Опен, на 12-ти септември била покрената истрага и и наложиле автоматска суспензија до крај на истрагата.
На 14-ти септември таа барала нов тест но и на тој и нашле триметазидин.
На 22-ри септември Ига Швјонтек побарала да и ја тргнат привремената суспензија. Таа негирала дека земала таков забранет препарат но не можела да докаже како се нашол во нејзиниот организам.
Истото дело го имаше и Јаник Синер кој веднаш кажал од каде и како најверојатно се нашол забранетиот препарат клостебол во неговиот организам.
На 25-ти септември агенцијата за допинг контрола во тенисот ИТИА одбила да и ја тргне времената суспензија на Ига.
ОД КАДЕ ТРИМЕТАЗИДИН ВО НЕЈЗИНИОТ ОРГАНИЗАМ?
На 26-ти септември Швјонтек на анти-допинг агенцијата и предала неколку анализи на експерти кои анализирале разни продукти кои таа ги употребувала и внесувала. Анализата покажала дека триметазидин имало во таблетите мелатонин кои таа ги пиела по препорака на лекар, а со цел да ги олесни последиците на аклиматизација.
Мелатонинот бил во форма во каква Швјонтек ги пиела сите препарати и дохрани кои што ги прима. Вкупно 14 препарати пиела во изминатиот период.
Ига Швјонтек ги пропушти турнирите во Сеул, Пекинг и Вухан.
Во одлуката на ИТИА за суспензија на Ига Швјонтек има список документи кои полската тенисерка ги претставила до трибуналот:
- докази за тоа дека во Полска тие таблетки ги сметаат за лекарство и без рецепти се продаваат во аптека;
- објаснение дека со тој доктор кој и го препишал препаратот таа се советува уште од 2019-та и тој и го препорачал мелатонинот за да го регулира сонот;
- доказ од психологот на Ига Швјонтек Дарија Абрамовиц која обично и ги купувала тие таблетки;
- извештаи од банка и чекови кои потврдуваат дека се купени баш тие талбетки од аптека со одлична репутација која што се наоѓа близу домот на Ига;
- Ига доставила и фотографии од тие таблетки и информации за составот;
- приложила и докази дека во 2-3 часот после нолноќ на 12-ти август Ига испила 2-3 таблетки со цел да заспие полесно. А после 4-5 часа ја разбудиле за да прави допинг тест;
- доставила отчет од две лаборатории кои го потврдиле присуството на триметазидин во таблетите;
- потврда од лекари-експерти дека триметазидинот случајно се нашол во нејзиниот организам во наведената временска рамка - во спротивно концентрацијата во примероците би била многу поголема.
ЗОШТО Е ТАКА ФОРМАЛНО КАЗНЕТА?
За минимално количество од оваа супстанца триметазидин младата 15-годишна руска олимписка шампионка Камила Валиева во 2022-ра година беше суспендирана на дури 4 години и практично и беше уништена меѓународната кариера на млади години.
Трибуналот сметал дека „Ива Швјонтек навремено презела мерки за да се заштити од допинг. Купила препарат од производител со добра репутација, во аптека со добра репутација а со оглед на тоа што лекот е квалификуван (одобрен) како лек, тој мора да ги исполнува барањата кои ги поставува Европскиот Сојуз. Трибуналот тврди и дека таа го зела лекот како резултат на консултација со доктор.
Поради тоа што ова и е прв и ненамерен прекршок, Трибуналот одлучи дека Швјонтек не е суштински виновна, дека не била значително невнимателна и може да биде отстранета само на еден месец“.
Самата тенисерка оваа суспензија ја нарекла „симболична“. Трибуналот истовремено одлучил да не дисквалификува ниеден од нејзините резултати - ниту од Синсинати ниту од УС Опен. Но одлучено е да и се одземат паричните средства за наградата од Синсинати но не и нејзините бодови освоени на рејтинг табелата.