19 години од легендарниот слалом на Јаница Костелиќ со еден стап

Јануари е месец на зимските спортови. По тој повод Хрватите потсетија на скијачки великан кого го ставаат во ист кош со еден Лука Модриќ.

Се работи за добро познат и недораскажан скијачки подвиг на ненадминливата Јаница Костелиќ, кој и ден денес не им излегува од глава на Хрватите.

Датумот е 5 јануари 2006-та, кога на денот на нејзиниот роденден, Јаница ја доживеа најболната трка во кариерата.

На Светскиот Куп на врвот Сљеме во Загреб, скијаше без еден стап и ракавица, кои и паднаа на самиот старт.

На таа голема брзина, ветер и студ, со гола рака удираше по колците и на неверување на сите, успеа да ја заврши трката и тоа на како третопласирана.

Коментаторите се чудеа на нејзината храброст и упорност и во пренос велеа дека се работи сигурно за околу 30 удари.

„Ми се случи голема глупост, стапот ми се заглави. Не можев повеќе да ги удирам колците со дланката, па продолжив со лактот. Тоа беше ужасна болка. Поради сите овие луѓе кои дојдоа на Сљеме, морав да ја завршам трката. На крајот врескав“, изјави хероината.

Најбрза на слаломот беше Марлиси Шилд, втора Катрин Цетел, а Костелиќ од седма позиција во првото возење, на јуначки начин се избори за трето место.

Таа година за жал и беше последна во кариерата. Психички исцрпена и поради големи болки од повредите, реши млада да се повлече од скијањето, на само 24 години. 

За осум години кариера направи успеси за кои други може само да сонуваат.

Освои 4 медали на Олимписките игри во Солт Лејк Сити во 2002 година (3 златни: комбинација, слалом и велеслалом, како и еден сребрен во супервелеслалом). Потоа два медали во Торино 2006 година (злато во комбинација и сребро во супер велеслалом).

Има 5 ​​титули светски шампион во сите 5 дисциплини освоени за само месец и половина и таа е една од само четирите скијачки во историјата со вакво достигнување.

Многумина ја сместуваат во друштво на најдобрите хрватски спортисти и ја сметаат за најдобар скијачка на сите времиња. Кој знае до каде ќе стигнеше, ако не ја спречеа повредите да се повлече млада.

8 јануари 2025 - 14:28