Разно

Атракција на Алкараз, кандидат за поен на годината

Карлос Алкараз го збриша Андреа Вавасори во осминафиналето на АТП турнирот во Ротердам за 1 час и 5 минути со 6-2 и 6-1. Погледнете во еден момент што му одигра на Италијанецот. Шоу.

Трамп потпиша декрет за забрана на трансродови спортисти

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпишал декрет со кој на трансродните спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.

Стравичен пад на шампионот во МотоГП

Пред стартот на новата сезона во најдобрата мотоциклистичка трка на светот МотоГП, тестирања има на патеката „Сепанг“ во Малезија. Синоќа актуелниот светски шампион и возач на Априлиа Хорхе Мартин имал страшен пад на патеката. За среќа минал добро, без посериозни последици, а се пожалил само на болки во левата нога и десната рака.

Го имаме ли тенискиот поен број 1 за 2025-та?

Томи Пол, кој е на 9. место на АТП, го елиминираше Џенсон Бруксбај на турнирот во Далас и обезбеди пласман во осминафинале. 27 годишниот Американец изведе атракција каква што ретко се гледа во тенисот. И на коментаторите не им се веруваше.

Најчудна сцена во тенис што скоро е видена

Синоќа во градот Хаселт, во Белгија се играа натпревари од квалификациите за Дејвис Куп меѓу репрезентациите на Белгија и Чиле.

Најлуда двојна сервис грешка на годината

За време на мечот од турнирот во Кобленц во Германија меѓу Мика Брунолд и Кристоф Негриту, вториов имал двојна сервис грешка каква што се гледа еднаш годишно. Вториот сервис му беше ко да сервирал почетник.

Старо, ама актуелно

Програма во живо. Никогаш не знаеш на што си.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Дали Алкараз срамно го исмеваше Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ со 3-1 по сетови 4:6, 6:4: 6:3, 6:4 го разби шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија. После натпреварот се испостави дека Новак играл со многу незгодна повреда поради која предаде во полуфинале против Зверев после првиот сет. Сега се појави видео на кое се гледа како Алкараз кон својот тренер Давид Ферер го имитира Ѓоковиќ и го исмева со повредата.

Австралија опен 2005, Шарапова сервира за победа против Серена Вилијамс

Само шест месеци пред оваа полуфинална битка, Марија Шарапова го освои Вимблдон на 17 години, откако ја изненади Серена во финале. И после тој успех, веќе никогаш не успеа да ја добие во финале на Гренд слем. Погледнете каква златна шанса пропушти и како и одговори Американката.

Ја имаме ли хокеј тепачката на годината?

Рајан Ривс против Матју Оливие. Квалитетно, машки, со голи раце. По прописи.

Ѓоковиќ до Зверев: Ти посакувам да ја освоиш титулата пријателе

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев по завршувањето на првиот сет. Причината е повреда на мускулот која ја заработи во првиот сет против Алкараз. Се надеваше дека со два дена одмор и рехабилитација, како и без тренинзи ќе ја победи и ќе биде спремен, но не успеа. Се огласи на Инстаграм со прекраска порака до Зверев.

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, предаде меч поради повреда

Еден од фаворитите за титулата на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Гренд слемот откако го предаде дуелот во полуфиналето со Александар Зверев.

Како двајца репортери гледаа на Ѓоковиќ во 2006

Видеото е од Монте Карло каде Новак Ѓоковиќ е најмлад на ждрепката со тазе наполнети 18 години. Репортериве не е лошо да се потсетат што рекле. Слаб бил и многу гладен во секоја смисла. Не можело да се очекува многу од него.

На медалите од Олимписки Игри во Париз им опаѓа бојата и сјајот

Да се освои олимписки медал е сон на секој спортист и тоа е најважен трофеј во кариерата на секој олимпиец. Но оние од последните Олимписки Игри во Париз испаднале дека не се баш квалитетно изработени.

Изненадување за Ѓоковиќ од фанови со кои се гледа после 20 години

Австралија опен ни носи прекрасна сторија. Двајца возрасни навивачи, маж и жена се сликале со Новак во Мелбурн пред 20 години и верувале во него дека ќе направи кариера. Се гледаат за прв пат после таа средба и тоа во живо на Еуроспорт. 20 години подоцна, Србинот тежи 24 Гренд слем титули.

Зверев во четвртфиналето на Австралија опен примаше инсулин

На возраст од 4 години Александар Зверев се соочил со проблеми со висок шеќер и веднаш го ставиле на инсулин. Докторските совети пред две децении биле да заборави на тенисот и воопшто на било каков спорт. Не ги слушал ни нив, ниту родителите кои се обиделе да го спречат. 27 годишниот Германец денеска е втор на АТП, а во полуфиналето во Мелбурн ќе игра против Ѓоковиќ.

Коментатор на Еуроспорт во сред пренос на Ѓоковиќ повика на студентските протести

Ѓоковиќ ја мина тешката четвртфинална пресметка против Алкараз и тоа со пресврт од 0:1 на 3:1, а кога во вториот сет го направи првиот брејк, коментаторот го нарече Новак тениски професор и потоа се надоврза со друга тема.

Херојскиот поен на Ѓоковиќ за 2:1 и размената од 33 удари во прилог на Алкараз

Никакво значење нема разликата од 16 години меѓу Ѓоковиќ и Алкараз. Судирот на генерации го доби искуството пред младоста. И тоа Новак губеше 0:1, за на крај да слави 3:1 и да запише фасцинантна бројка од вкупно 50 полуфиналиња на Гренд слем турнирите. Кралот на Австралија опен има скор во Мелбурн од 99:9. Во полуфинале го чека нов тежок противник, а тоа е Александар Ѕверев. Уживајте во најдоброто од денешната победа на челичниот Србин кој го надигра Шпанецот.

Непријатни сцени во Мелбурн, Синер непрестано се тресеше

Неподносливите горештини во Мелбурн и овојпат им претставуваат голем проблем на многу тенисери и тенисерки кои играат во пладневни термини на Отвореното првенство на Австралија. Температурите понекогаш одат и над 40 степени Целзиусови па доаѓа и до непријатни сцени и епизоди. Како на мечот меѓу Синер и Руне кога Италијанецот откако го доби третиот сет се тресеше како од грозница. Пред неколку дена некое дете задолжено за топчиња колабирало на теренот од преголеми горештини.

Илон Маск го поддржа Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ утре го чека мега дуел против Карлос Алкараз во четвртфинале на Отвореното првенство на Австралија. Во меѓувреме српскиот тенисер по победата над Чехот Лехечка со 3-0 во сетови, реши да го бојкотира говорот после мечот и само накратко се обрати. Причина е еден австралиски новинар кој сега му се извини на Новак.

Монфилс го елиминираше четвртиот светски рекет и почна да игра како во диско

Ветеранот Гаел Монфилс (38) направи големо изненадување во 3. коло на Австралија опен, откако го елиминираше фаворитот Тејлор Фриц со 3:1. Французинот кој е инаку 41-ви на АТП, успеа да победи со пресврт, а во осминафинале ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Лоренцо Музети. Најголемиот успех на Монфилс во Мелбурн е четвртфиналето каде стигна во 2016 и 2022. Пазете му ја реакцијата на крај. Најјако му беше.

Се разбравте ли на крај?

Камерите на Австралија опен ја фатија Паула Бадоса во комична ситуација, како да сака да објасни нешто со мафтање на рацете и рекетот, на што дечко и Циципас и враќа дека треба да се смири. Гестикулациите всушност значеле дека и е тешко да се бори со ветерот, кој и бил пречка во третото коло, кое сепак го мина.

Новак ја поддржа прегазената студентка

Новак Ѓоковиќ убедливо со 3-0 по сетови 6:1, 6:4, 6:4 го совлада чешкиот тенисер Томаш Махач и се пласираше во следното коло од Отвореното првенство на Австралија. 37-годишниот Ѓоковиќ после натпреварот на камерата традиционално доби маркер да напише порака а тој нацрта срце со натпис „За Соња“. Соња е студентка од Белград која за време на студентските блокади некој идиот со голема брзина ја крена на хауба и педесетина метри возеше со неа.