Македонија со пораз од пресилната Бугарија го отвори Европското

Како што изјави капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓорѓиев кој повеќе од седум години игра во бугарското првенство, ова е најсилната генерација на Бугарите во последните неколку децении. Доказ за тоа беше и триумфот на нашиот источен сосед со 3-0 по сетови: 25:17, 25:19, 25-18.

Пред преполна „Арена 8888“ во Софија, Бугарија доминираше од почеток до крајот на натпреварот со кој се отвори Европското првенство.

Како и што беше најавено пред турнирот, селекторот Јошко Миленковски и неговите избраници шансата ќе ја бараат на следните натпревари во групната фаза.

Најефикасен на мечот кај црвено-жолтите беше токму капитенот Никола Ѓорѓиев со осум поени а кај Бугарија нивниот лидер и најдобар играч Александар Николов имаше 19 поени.

На следниот натпревар Македонија на 11-ти септември ја чека Украина.

9 септември 2026 - 20:21