Разно

Како изгледале првите Зимски олимписки игри пред 102 години?

Фотографиите се црно бели, се разбира, учесниците далеку помалку, спортовите исто така, но и деновите на одржување.

Афера Пенисгејт на Зимските олимписки игри 2026

Необични и скандалозни муабети се вртат околу скијачките скокови пред официјалниот почеток на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Наводно скокачите на скии можат да ги подобрат своите настапи ако вбризгуваат хијалуронска киселина во пенисот со цел да летаат подолго поради пошироки спортски одела.

Како Канаѓани играат тенис?

Ова е толку интересно што доколку некогаш стане олимписки признат спорт, би имал голема публика.

Феноменален потег на Рони О'Саливен кој испадна од Кинез

Легендарниот Рони О'Саливен испадна рано во осминафинале на Светското Гран При во снукер откако подобар од него беше Кинезот Сијао Годун. Од турнирот испаднал уште еден голем фаворит, Бари Хокинс кој бил елиминиран од Чан Анда од Кина.

Прв инцидент на ЗОИ, норвешки скијач со хеликоптер го однесоа во болница

Фредрик Мелер доживеа тешка повреда при пад во спуст, на првиот тренинг во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално стартуваат во петок.

Почнуваат Зимски Олимписки Игри 2026

Натпреварите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина започнаа пред официјалното отворање закажано за петок вечер во Милано. ЗОИ стартуваше со мешани двојки во карлинг, а допрва следуваат врвни средби во хокеј на мраз, лизгање, скијање и сноуборд, дисциплини кои ќе бидат во фокусот на Зимските Олимпски Игри.

Што е тоа Скимо? Новиот спорт на Олимпијадата во Италија

Карлингот се врати како спорт за медали после 74 годишна пауза. На игрите пак во Нагано 1998 дебитираше сноубордингот. Слоупстајл и хафпајп фрискинг беа додадени во програмата во Сочи 2014 година. На Зимските Олимписки игри во Милано Кортина (6-22 февруари) ќе има нов спорт кој се вика скимо.

„Прпл рејн“ во изведба на Сигурдсон

Исландскиот ракометен стратег, кој лани освои сребро со Хрватите на Светско, а сега бронза на Европското, го бива не само на спортски терени. Вчера видовме како знае да тера ќејфови со гитарата во кафана, а сега налетавме на видео и од бина.

Ништо друже, побарај боловање

Џовани Мпетши Перикард е 57-ти на АТП и веројатно прв тенисер на кој му успеало вакво нешто со топчето. Се работи за турнир во Монпеље. Епилог? Морал да го предаде мечот поради болки во окото на крајот од првиот сет.

Што се случува кога јапонски одбојкар удира некого со топка?

Неверојатната јапонска култура, уникатна во светот, ја гледаме често преку видеа од разни ситуации. Сега стаса нешто од епизода во јапонска одбојка. Играч ненамерно погодил со топка некого во публика и доаѓа да се извини.

Волкановски е неприкосновен крал во УФЦ, ја одбрани светската титула

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. 

Кралот на Австралија опен не успеа, прв трофеј за Алкараз

Изгледаше дека може, одигра перфектен прв сет, но потоа следуваше пад по кој само привремено се врати и ја одржа неизвесноста. Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен.

Ѓоковиќ со порака до хејтерите во неговата земја

Во лавовска битка, Новак Ѓоковиќ го доби 14 години помладиот Синер, кој потклекна на искуството и инаетот на великанот со 24 Гренд слем титули. „Нешто сте рекли“, гласеше неговиот натпис на камерата, наменет за оние во Србија кои не се баш од негова.

Нов страшен маратон - Ѓоковиќ во финале после гладијаторска борба со Синер!

Во 5 сета, после 4 часа и 30 минути страшно исцрпувачки тенис, Новак Ѓоковиќ го совлада првиот светски рекет број 1 Јаник Синер: 6-3, 3-6, 6-4, 4-6, 4-6 и закажа големо финале за в недела против 18-години помладиот Карлос Алкараз.

Како во белградска Арена се направи базен за Европско во ватерполо?

На штотуку завршеното Европско првенство во ватерполо 2026 во Белград на кое репрезентацијата на Србија освои злато, многумина се прашуваа како е можно од кошаркарски паркет преку ноќ да се монтира гигантски базен?

Како воопшто Новак игра и стои на нозе?

Новак Ѓоковиќ на полни 38 години, за четири месеци полни 39, уште не им се дава на младите и ги ренда барем до финале. Денеска го чека мега битка со Синер, вредна финале на Австралија опен каде веќе се пласираше Алкараз. Како тера со овие жуљеви?

Луд тенис, Алкараз го совлада Зверев после Танталови маки

Во неверојатен дуел, во најдолго полуфинале во историјата играно цели 5 часа и 27 минути на Грен Слемот во Мелбурн, Карлос Алкараз водеше 2-0 во сетови против Александар Зверев. Германецот по којзнае кој пат одигра неверојатен меч но се испостави дека менталната сила во драматични завршници не му е најсилна страна. Зверев израмни на 2:2 а во решавачкиот петти сет имаше водство 5:3 и меч-топка за победа. Но ја испушти и до крај Алкараз освои 4 гема и славеше 7:5 за пласман во големото финале!

Новак Ѓоковиќ спарингуваше со Македонец за полуфиналето со Синер

Српскиот тенисер утре рано изутрина по наше време го очекува голем мегдан со неверојатниот Италијанец Јаник Синер кој експресно како брз воз стигна до полуфиналето во Мелбурн на Австралијан Опен. Ѓоковиќ денес тренирал со Македонецот Даниел Јовановски кој му бил спаринг партнер. Јовановски е роден во Австралија, игра за оваа земја но има македонски корени.

Новинар кој како да подзаборави кој е Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ, кој во мај полни 39 години, во петок ќе игра полуфинале против Синер на Австралија опен. Новинар на прес се впушти во прашање, кое многу погрешно го формулираше, дека прво за титули ги бркал Надал и Федерер, а сега Синер и Алкараз. Му се извини.

Сабаленка експресно до 4-то финале по ред во Мелбурн

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка од Белорусија брзински ја совлада Украинката Елина Свитолина во полуфинале на женскиот турнир на Отвореното првенство на Австралија и се пласираше во финале. Таму ќе ја чека победничката од дуелот Елена Рибакина - Џесика Пегула кој се игра денес.

Ѓоковиќ со тениски фер плеј на годината

Новак Ѓоковиќ без борба го доби четвртфиналето протв Лоренцо Музети кој го предаде мечот поради повреда и тоа после водство од 2:0. Во вториот сет Италијанецот во игра на мрежа погоди во аут, но Ѓоковиќ му дофрли на судијата дека го допрел топчето со што му помогна да ја смени одлуката во корист на Музети. Ова ретко се гледа во тенис.

Ѓоковиќ губеше 2:0, но оди во полуфинале

Новак Ѓоковиќ на неочекуван начин ја мина четвртфиналната битка на Австралија опен. Губеше 2:0 во сетови од Лоренцо Музети, кој поради повреда беше приморан да го предаде мечот. „Не знам што да кажам освен дека ми е жал за него. Тој беше далеку подобар играч, а јас бев на пат кон дома. Му посакувам брзо закрепнување и без сомнение требаше да биде победник денес“, изјави Србинот кој во полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Јаник Синер.

Поен на денот

И двајцата имаат страшна брзина, луд рефлекс и многу фокус. Поентата е кој ќе издржи повеќе, а ова и за камерманот е проблем да го издржи.

Србија е европски шампион во ватерполо

Во големиот класик на светското ватерполо, вечерва пред повеќе од 13.000 гледачи во белградска „Арена“ Србија во финале на Европско првенство го совлада големиот ривал Унгарија 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1) и по шести пат стана европски шампион.