Разно

Која е тајната на спортскиот успех на Хрватска?

Анализата ја направи Би Би Си кој пишува како балканската мала и млада земја успеа да се издвои како голема спортска сила веднаш по завршувањето на војната во 1995 година. Податокот кој најмногу ги фасцинира е четвртата позиција на ранг листата на ФИФА.

Фудбалско забивање

Ако од фудбалот и кошарката може да се изведе нешто заедничко, тоа дефинитивно ќе биде ова забивање со фудбалска асистенција.

Мекларен Мерцедес одблиску

Замислете свет во кој секојдневно ќе се разминувате со техничарите на Мекларен Мерцедес и ќе имате ексклузивен пристап до болидот. Тоа е возможно со новата кампања на еден од нивните спонзори.

Јапонскиот Болт е најбрз на планетата во 2013

Усеин Болт не е најбрз човек на светот, барем според резултатите во 2013-та година. 17-годишниот Јапонец, Јошихиде Кирју е најмлад спринтер на планетата кој го израмни јуниорскиот светски рекорд.

Најтешката трка на планетата

Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци. Тоа се учесниците на маратонот во Сахара - најтешката трка на планетата во која „лудаците" трчаат 250 километри во јужниот дел на Мароко.

Снукер среќлии

Компилација од најинтересните утки на снукер кои завршиле неочекувано добро.

Вимблдон го зголеми наградниот фонд

Учесниците на Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе добијат за скоро 10 милиони долари повеќе од минатата година.

Ролан Гарос ќе менува правила за да се избегнат Ѓоковиќ и Надал

Челниците на тенискиот турнир во Париз размислуваат да го искористат правото за промена на правилата на извлекувањето за да се избегне дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал во четвртфиналето.

Фетел ја однесе победата во Бахреин

Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.

Протести против Ф1 трката во Бахреин

Полицијата во Бахреин употреби солзавци за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и се обидуваа да направат хаос пред неделната трка во Формула 1 шампионатот.

Бостон доби солидарност од најголемите ривали

По терористичкиот напад на маратонот во Бостон, пред почетокот на сите спортски манифестации екипите оддадоа почит со едноминутен молк, но некои ја искажаа својата солидарност и на поинаков начин.

Терористички напад на маратонот во Бостон

Две експлозии одекнаа во близина на целната линија на еден од најпознатите светски маратони во Бостон. Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени. Мерките за безбедност се подигнати во цела Америка.

Неверојатното достигнување на Брајан

Брајан успеа! Ја истрча трката до крај, па дури и финишираше победнички во стилот на Болт.

Алонсо ја освои Кина

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо триумфираше убедливо на трката во Шангај за Големата награда во Кина, пред Раиконен, Хамилтон, кој имаше пол позиција и пред Фетел.

Со клипче на Јутјуб до професионален договор

Постирањето на сопствено видео зачинето со вашите вештини кои ги поседувате, понекогаш може да ви го исполни сонот. Тоа му се случи на Норвежанецот Хавард Ругланд кој од играње аматерски фудбал, стигна до најпопуларниот американски спорт НФЛ.

Вака треба да се гледа спорт на ТВ

Замислете си дека гледате Премиер лига на ТВ и одблиску можете да чуете како Горан Попов на струмички акцент сочно го пцуе Хауард Веб. Ова може наскоро и да биде реалност ако ни се исполни желбата и камерата која се употребува на преноси од рагби натпревари во Англија и Австралија, почнат да ја користат и во останатите спортови.

Како се подготвуваа македонските пливачи

Македонските пливачи остварија потпросечни резултати на последните Олимписки игри во Лондон, а дел од причините за нивниот неуспех беа и лошите услови за подготовки. Поради немањето на базени, нивните тренинзи често се одвиваат на суво, а ние имаме ексклузивна снимка од еден ваков тренинг.

Почина хокеар по удар во глава

Рускиот хокеар Дмитри Учајкин почина неколку денови по натпреварот на кој добил силен удар во главата.

Легендарниот скијач Борис Стрел пронајден мртов

Прославениот поранешен југословенски скијач, Словенецот Борис Стрел почина на 53-годишна возраст.

Супермен ја поддржа Критична Маса 11

Контралатерално од лириците на маестралната од Лени, скопските љубители на велосипед не сакаат да избегаат, ниту пак одлетаат од своите проблеми и на 11-та Критична маса решија културно да го изнесат нивното незадоволство предизвикано од несовесните возачи, заглавените точкарски патеки и лошата велосипедска инфраструктура. Ипсилатерaлно на текстот, Супермен леташе и нè поддржа!

Поен на годината

Агњешка Радвањска во четвртфиналето на турнирот во Мајами го изведе најдобриот повратен удар во женскиот тенис во 2013. Кирстен Флипкенс не можеше да поверува дека го загуби поенот на овој начин, а овој поен беше и пресвртница на натпреварот по кој Радвањска се избори за полуфинале против Серена Вилијамс.

Русите ќе чуваат снег од оваа година за Сочи 2014

Организаторите на Олимписките игри кои ќе се одржат во рускиот град Сочи имаат силни спонзори, а на игрите ќе настапат сите врвни натпреварувачи од зимските спортови со што се исполнети сите предуслови за успешни ЗОИ. Но има само еден мал проблем. На Сочи му фали снег.

Хокеј пенал со финта

Изведувањето на пенали во хокеј е секогаш интересно при што играчите пробуваат да изведат некоја сложена финта, но Артем Вороњин од Спартак на натпревар од младинската Континентална лига покажа дека со малку инвентивност може да се постигне гол и на поедноставен начин.

Најсмешните и најпристрасните родители во спортот

Разно разни се реакциите на татковците и мајките кога нивното дете ќе оствари некој голем спортски успех или ќе добие критика од тренерот. Последниот пристрасен родител е таткото на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни кој го обвини Арсен Венгер за лошата форма на неговиот син.